Нема докази дека СЕФ барале невакцинирани пилоти да ги донесат во Давос

Тврдењето дека богатите елити барале невакцинирани пилоти да ги носат во Давос, во случајов потекнува од интервју со поранешниот пилот Алан Дана, кој раскажува информација од втора рака, којашто наводно му била кажана од основачот на Фридом Флајерс, Џош Јодер. Но, Јодер на Твитер негираше дека некогаш сугерирал дека СЕФ ги бара баш овие пилоти или дека кој било од Светскиот економски форум му се обратил за невакцинирани пилоти за настанот во Давос

 

Тврдењето дека богатите елити барале невакцинирани пилоти да ги носат во Давос, во случајов потекнува од интервју со поранешниот пилот Алан Дана, кој раскажува информација од втора рака, којашто наводно му била кажана од основачот на Фридом Флајерс, Џош Јодер. Но, Јодер на Твитер негираше дека некогаш сугерирал дека СЕФ ги бара баш овие пилоти или дека кој било од Светскиот економски форум му се обратил за невакцинирани пилоти за настанот во Давос

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Тие се живо пелцаа, а сега…

Во склоп на постот се споделува наслов во кој се кажува дека  „Светскиот економски форум ангажира само невакцинирани пилоти да ги донесат во Давос“. Се додава дека СЕФ наводно изјавиле дека „сигурноста на нивните членови е приоритет број еден”. Во објавата има и фотографија од Клаус Шваб, претседателот на СЕФ.

И вакцинацијата против ковид-19 и Светскиот економски форум се тема со којашто постојано се занимаваат теоретичарите на заговори. СЕФ во последните години станува главен централен карактер на теории на заговор за наводна реконструкција на општеството која наводно овие елити „ја прават зад затворени врати“.

Такви се наративите за „големиот ресет“, теорија на заговор според која ковид-19 е алатка за елитите да ја спроведуваат нивната контрола. Во овој контекст тврдењата за вакциналниот статус на пилотите задолжени да ги транспортираат учесниците на годинешниот состанок на СЕФ, стануваат вирални пред официјалното отворање на состанокот во Давос на 16 јануари 2023.

Во прилог на намерата лажно да се претстави дека овие елити знаат повеќе за наводните опасности и зла на вакцинацијата против ковид-19, повеќе антивакцинални групи почнуваат да ги туркаат тврдењата дека богатите учесници на СЕФ, барале или побарале невакцинирани пилоти за да биде осигурана нивната безбедност. Причината е непоткрепено уверување дека вакцинираните пилоти споредено со невакцинираните имаат поголем ризик од срцеви компликации, како и да „починат ненадејно“. Терминот „ненадејно починати“, веќе се користи во најразлични конотации од страна на антивакциналните кругови кога сакаат да ги проблематизираат вакцините и лажно да претстават дека нечија смрт се должи на вакцинацијата.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Сноупс непоткрепените тврдења дека вакцинираните пилоти имаат повисок ризик да починат, е централно тврдење од група на комерцијални пилоти со име U.S. Freedom Flyers.

Тврдењето дека богатите елити барале невакцинирани пилоти да ги носат во Давос, во случајов потекнува од интервју со поранешниот пилот Алан Дана, коешто го даде на Инфоворс. Во тоа интервју Дана раскажува информација од втора рака, која наводно му била кажана од основачот на Фридом Флајерс, Џош Јодер.

Поранешниот пилот Дана тврдеше дека богатите бараат невакцинирани пилоти да ги управуваат нивните приватни авиони. Дана кажа дека Џош Јодер, постојано прима барања од елитите заинтересирани да ангажираат невакцинирани пилоти за да ги управуваат авионите на нивните бизнис патувања.

Овој цитат, стана наслов на слични сајтови со сомнителна репутација, со сугестија дека Светскиот економски форум ги барал овие пилоти, пишува Сноупс

Така, конспирацискиот сајт Њуз Панч, објави приказна со наслов „СЕФ ангажира невакцинирани пилоти да ги пренесат до Давос“, каде се тврди дека претседателот на СЕФ, Клаус Шваб, им забранил на вакцинираните пилоти да транспортираат членови во и надвор од Давос, поради тоа што се безбедносен ризик.

Но, Јодер на Твитер негираше дека некогаш сугерирал дека СЕФ ги бара баш овие пилоти или дека било кој од Светскиот економски форум му се обратил за невакцинирани пилоти за настанот во Давос. Јодер напиша:

Никогаш немам изјавено дека СЕФ ме барале за невакцинирани пилоти. Кажав дека богати бизнисмени ме имаат побарано за таа цел. Не следете ниту еден од оние лица кои шират вакво ѓубре на Твитер.

Дополнително, како што пишуваат проверувачите на факти на Лид сторис, Светскиот економски форум е поддржувач на вакцините,  во 2022 година објави дека станал партнер со УНИЦЕФ и водечки компании за трнспорт и логистика, во заложбите за глобална рамнотежа придоставата вакцини против ковид-19.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Нема докази дека СЕФ барале невакцинирани пилоти да ги донесат во Давос.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција