Нема докази дека странски служби подметнуваат пожари во Северна Македонија

Фото: ЦУК

За да се утврди дека пожарите се намерно предизвикани, потребни се конкретни наоди од истрагата: на пример, докази од местото на пожарот, форензички наоди, сведоштва или други докази што би укажале на подметнување. Уште повисок степен на докажување е потребен за тврдењето дека зад такви дејствија стојат странски разузнавачки служби.

Истовременото појавување на повеќе пожари не е доказ дека тие се дел од координирана операција. За да се утврди дека пожарите се намерно предизвикани, потребни се конкретни наоди од истрагата: на пример, докази од местото на пожарот, форензички наоди, сведоштва или други докази што би укажале на подметнување. Уште повисок степен на докажување е потребен за тврдењето дека зад такви дејствија стојат странски разузнавачки служби. Ништо од тоа во објавата нема

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

СТРАНСКИ СЛУЖБИ ПОДМЕТНУВААТ ПОЖАРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА МИЦКО МОЛЧИ КАКО П***А

Тврдењето дека странски служби намерно подметнуваат пожари низ Северна Македонија не е вистина, поконкретно, за ова не се нудат никакви докази во објавата, ниту пак, такви јавни докази постојат. Прегледот на објавите на Центарот за управување со кризи покажува дека институциите преземаат мерки за спречување и расчистување на пожари, но во достапните официјални соопштенија не се наведува дека пожарите се организирани или подметнувани од странски разузнавачки служби.

Исто така, постои разлика меѓу постоење на намерно предизвикани пожари и тврдењето дека зад нив стојат странски служби. МВР во февруари 2026 година, на пример, објави дека четири лица биле лишени од слобода поради сомнение дека го подметнале пожарот на возило во Струмица. Тоа покажува дека постојат случаи во кои полицијата истражува сомнежи за намерно предизвикување пожар, но самиот случај не претставува доказ за вмешаност на странски служби.

Исто така, МВР во своите превентивни активности како ризици ги наведува човечката невнимателност, палењето оган на отворен простор и фрлањето отпушоци, а граѓаните ги повикува пожарите да ги пријавуваат на 112.

Истовременото појавување на повеќе пожари не е доказ дека тие се дел од координирана операција. За да се утврди дека пожарите се намерно предизвикани, потребни се конкретни наоди од истрагата: на пример, докази од местото на пожарот, форензички наоди, сведоштва или други докази што би укажале на подметнување. Уште повисок степен на докажување е потребен за тврдењето дека зад такви дејствија стојат странски разузнавачки служби. Ништо од тоа во објавата нема. Не се наведува која странска служба наводно стои зад пожарите, во кои случаи истрагата утврдила нејзина вмешаност, ниту пак се посочува официјален документ, полициска истрага или изјава од безбедносните институции што би го поткрепила тоа.

„Вистиномер“ ги пребара билтените на Министерството за внатрешни работи и медиумските написи на пребарувачот Гугл и во објавените официјални полициски информации што ги провери нема потврда дека „странски служби подметнуваат пожари низ Македонија“. Без конкретен доказ како што е полициска истрага, обвинение, судски документ или официјална изјава на надлежна безбедносна институција ова останува непоткрепено и невистинито тврдење.

Исто така, во склоп на објавата има фотографија од премиерот Христијан Мицкоски и под неговата слика се испишани навредливите зборови „глобалистички бот“, кои асоцираат на антизападен непоткрепен наратив.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција