Нема докази дека вакцината против ковид-19 предизвикува стерилитет, хомосексуалност и дека ќе ја погуби популацијата
Помина една година откако светот почна да се бори со пандемијата на ковид-19, а истовремено и со „инфодемијата“, која понекогаш се чини дека се шири побрзо од вирусот. Дезинформациите и непроверените информации, во текот на целата оваа криза, се развиваат во зависност од тоа како се одвиваат настаните со пандемијата. Додека фармацевтските компании „Фајзер“ и „Модерна“ гарантираат ефикасност на вакцините против ковид-19, на интернет се шират десетици дезинформации кои шират хаос и неизвесност во јавноста, пишува „Порталб.мк“.
Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Модерна“ ја минаа целта во трката за производство на вакцина против КОВИД-19, од кој заболеа десетици милиони луѓе и од кој починаа повеќе од 1,5 милиони луѓе на глобално ниво. Од друга страна, на интернет се појавија голем број непроверени информации и дезинформации, кои ни кажуваат за опасностите и скриените цели на вакцинацијата против КОВИД-19.
Додека пред неколку месеци, тоа беше многу актуелна тема, дека за време на вакцинацијата ќе ни вметнат чипови во телото, сега шпекулациите за вакцинацијата добија друга димензија. Научните достигнувања, гласините и лажните вести се обидуваат да ги отфрлат отворајќи дилеми во јавноста дека вакцината ќе ја зголеми стерилноста и според новата теорија, вакцината против ковид-19 ќе направи девијација на гените во човечкото тело.
Демистификација
Нема научни докази дека вакцината предизвикува стерилитет.
Шпекулациите дека вакцината против ковид-19 предизвикува неплодност кај жените за првпат се појавија на почетокот на декември на портал за вести на англиски јазик, наречен „Health and Money News”. Според овој напис, водачот на истражувањето во компанијата „Фајзер“, Мајкл Једон, изјавил дека вакцината ќе предизвика стерилитет кај жените. Вистината е дека оваа личност не работи за компанијата „Фајзер“ од 2011 година.
Једон и германскиот лекар Волфганг Водарг испратија писмо до Европската агенција за лекови во кое бараат стопирање на клиничките испитувања на вакцината против ковид-19 од страна на „Фајзер“. Според Водарг и Једон, вакцината на „Фајзер“ блокира протеин кој е неопходен за формирање на плацентата кај цицачите и тие сметаат дека е можно жените кои се вакцинираат да станат стерилни. Но, во ниту еден момент не наведоа научни факти за тоа како вакцината предизвикува стерилитет.
Експертите велат дека нема докази дека вакцината ќе резултира со стерилизација на жени.
Ребека Дач, претседателка на одделот за молекуларна и клеточна биохемија на Универзитетот во Кентаки, објасни за АП дека:
Иако синцитин-1 и протеините имаат некои слични карактеристики, тие се доста различни во деталите што ги познаваат антителата. Покрај тоа, вакцината што ја развиваат Модерна, Фајзер и БиоНТек, се базира на следење на РНК, што му покажува на телото како да произведува протеини и го обучува имунитетот за да го идентификува вистинскиот вирус. Тие не содржат синцитин-1, објаснува Дач.
„Идејата на оваа технологија е дека и двете вакцини содржат РНК секвенци кои го кодираат протеинот с на вирусот САРС-КОВ2“, вели Метју Фриман, професор по микробиологија и имунологија во Универзитетот во Мериленд.
Џејкоб Јаунт, професор на Универзитетот во Охајо, е истражувач на синцитинските протеини, тој ги проучува и синцитинските протеини кои се наоѓаат во вирусот САРС-КоВ2. Научникот вели дека вакцините против ковид-19 не содржат протеини синцитин 1.
Тврдењата дека вакцината против ковид-19 може да предизвика стерилност, исто така, ги демантираше и компанијата Фајзер.
Инаку, Водарг и Једон се познати во јавноста како личности кои ширеле дезинформации за ковид-19 и претходно. Во октомври минатата година, Једон изјави дека „пандемијата завршила“. Додека, во март 2020 година Водарг тврдеше дека новиот вирус не е поштетен од сезонскиот грип и дека нема да има потреба од вакцинација.
Вакцината не предизвикува хомосексуалност
Тврдењето дека вакцината против ковид-19 е во можност да ги модифицира човечките гени и да предизвика хомосексуалност не е научно остварливо. Овие вакцини се дизајнирани да стимулираат протеини за да создадат имунолошки реакции против КОВИД-19, користејќи гени на вирусот. Според Светската здравствена организација (СЗО), ДНК вакцината вклучува нејзино директно вметнување во соодветните ткива на плазмид кој содржи ДНК секвенца, што ги кодира антигените против кои е потребен имунолошки одговор. Со други зборови, ДНК вакцината вклучува инјектирање на мало парче од генетскиот код на вирусот (ДНК или РНК) за стимулирање на имунолошкиот одговор кај пациент без инфекција.
Оваа постапка не создава генетски модифициран организам, кој Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) го дефинира како „организам во кој еден или повеќе гени (трансгени) се вметнати во неговиот генетски материјал од друг организам со употреба на комбинирана ДНК технологија.” Светски експерти за Ројтерс велат дека проширената теорија е мит кој се шири низ целиот свет од активисти за борба против вакцинацијата со цел да се создаде конфузија во јавноста:
Генетската модификација би вклучувала намерно вметнување странска ДНК во јадрото на човечка клетка, вакцините не го прават ова. Вакцините функционираат со тоа што го учат имунолошкиот систем да препознае патоген кога се обидува да го зарази телото – тоа главно се прави со инјектирање на вирусни антигени или слаби живи вируси кои стимулираат имунолошки одговор преку производство на антитела. „ДНК (во ДНК вакцините) не се интегрира во клеточното јадро, така што ова не е генетска модификација, објаснува Марк Линас од групата „Алијанса за науката“ на Универзитетот Корнел.
Целта на вакцината
Целта на секоја вакцина против ковид-19 е да се подготви имунолошкиот систем на телото да произведува честички кои се борат против инфекцијата, познати како антитела, кои се во состојба да го нападнат токму вирусот САРС-КОВ2 или и помали делови од него. За да се постигне оваа цел, за време на обработката на вакцината се употребени разни научни методи.
Вакцините од „Фајзер“ и „Модерна“, како и „АстраЗенека“ користат мали сегменти на испраќање од РНК создадени за производство на специфичен протеин кој се наоѓа во САРС-КОВ2. Откако тој протеин ќе се произведе во организмот, имунолошкиот систем се обучува да создава антитела способни да го напаѓаат вирусот, давајќи му средство за борба против вирусот доколку некое лице е изложено на него, пишува порталот за верификација на факти Снупис.
На 2 декември 2020 година, Велика Британија стана првата земја во светот што даде зелено светло за вакцинирање на населението против КОВИД-19. Студиите покажуваат дека вакцината е успешна 95 отсто и не покажува сериозни несакани ефекти. Неколку месеци вакцината беше тестирана на илјадници волонтери, додека на 20 ноември јавноста беше информирана дека вакцината не дава несакани ефекти на вакцинираните лица.
Ковид-19 е посмртоносен од грипот и пандемијата сè уште не е завршена.
Борба против лажните вести, ФБ избриша 12 милиони објави
Со цел да се намали бранот на дезинформации, раководителите на Фејсбук најавија дека ќе започнат да отстрануваат каква било објава на Фејсбук или Инстаграм со лажни информации за вакцините. Поконкретно, објавите што содржат лажни тврдења за безбедноста на вакцините, ефикасноста, состојките или несаканите ефекти ќе бидат избришани, пренесува Асошиејтед Прес.
Од март до октомври, Фејсбук избриша 12 милиони објави за дезинформации поврзани со коронавирусот. Избришаните објави вклучуваат и објава на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, каде што тој вели дека децата се „практично имуни“ на вирусот.
Од друга страна, Мрежата за верификација на факти на Институтот Поинтер, од јануари до декември, објави околу 220 написи со кои се демистифицираат лажните написи што се однесуваат само на вакцинацијата против ковид -19. Институтот овој феномен го нарекува предозирање со дезинформации.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар