Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат турбо рак
Вакцините против ковид имаат краткотрајни и минливи несакани ефекти, како замор и болка во местото на инјектирањето кои генерално може да се појават и кај лица што имаат карцином и кај оние кои немаат. Досега нема докази дека вакцините против ковид предизвикуваат рак или водат до влошување на состојбата од карциномот кај луѓе што веќе го имаат. Американското здружение за рак на својата веб-страница пишува дека нема информации што сугерираат дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат рак. Исто така, нема информации што сугерираат дека овие вакцини можат да направат ракот да расте или да се повтори
Вакцините против ковид имаат краткотрајни и минливи несакани ефекти, како замор и болка во местото на инјектирањето кои генерално може да се појават и кај лица што имаат карцином и кај оние кои немаат. Досега нема докази дека вакцините против ковид предизвикуваат рак или водат до влошување на состојбата од карциномот кај луѓе што веќе го имаат. Американското здружение за рак на својата веб-страница пишува дека нема информации што сугерираат дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат рак. Исто така, нема информации што сугерираат дека овие вакцини можат да направат ракот да расте или да се повтори
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Пирс Морган признава дека вакцините против Ковид може да предизвикаат турбо рак.
„Еден од врвните експерти за рак вели дека вакцините против Ковид предизвикуваат рак“.
Објавата неосновано и без никакви докази тврди дека вакцините против ковид може да предизвикаат турбо рак. Притоа, ваквите тврдења ги базира на зборовите на Пирс Морган, кого го претставува како „врвен експeрт за рак“, посочувајќи дека тој признал оти вакцините може да предизвикаат рак. Пирс Морган не е ниту лекар ниту некаков специјалист за рак, за да може неговите изјави да се сметаат за релевантни. Тој е новинар и телевизиски водител и оттука не може да дава никакви признанија за вакцините и последиците од нив.
Спротивно на тврдењата во објавата, фактите говорат дека вакцините против ковид не предизвикуваат рак.
Вакцините против ковид имаат краткотрајни и минливи несакани ефекти, како замор и болка во местото на инјектирањето кои генерално може да се појават и кај лица што имаат карцином и кај оние кои немаат. Досега нема докази дека вакцините против ковид предизвикуваат рак или водат до влошување на состојбата од карциномот кај луѓе што веќе го имаат.
Вакцините против ковид беа тестирани во големи клинички студии кои помогнаа да се утврдат нивните почести несакани ефекти и студиите не покажаа линк меѓу вакцинацијата и појавата на карцином. Системите за мониторирање на безбедноста набљудуваат кои се идните несакани ефекти откако вакцините ќе станат широкораспространети. Иако во овие клинички студии немаше многу вклучени лица со карцином, истражувачите продолжија дополнително да ги мониторираат ефектите кај оваа група на луѓе.
Од почетокот на администрирањето на вакцините против ковид-19 нема докази дека предизвикуваат карцином, или пак, дека водат до прогресија на болеста, вели Санјау Мишра, координатор на конзорциумот за регистар на канцер и истражувач на Универзитетот Браун.
„Фајзер“, Центарот за контрола и превенција на болести и Агенцијата за храна и лекови на САД, за Лид Сторис изјавија дека нивниот мониторинг не открил каузална врска или безбедносен сигнал поврзан со карцином, а поврзан со вакцините против ковид-19.
Студиите немаат пронајдено поврзаност меѓу вакцинацијата и ризикот од лимфом.
Големи студии покажаа дека пациентите со канцер имаат висок ризик за компликации од ковид-19.
Центарот за грижа за пациенти со канцер во Онтарио во време на пандемијата (13.09.2022) препорача пациентите со канцер да ги примат сите дози вакцина против ковид-19 што побрзо можат. Слична препорака има и Националната сеопфатна мрежа за рак.
Оваа препорака е поддржана од Американското здружение за рак, кое на својата веб-страница вели:
Нема информации што сугерираат дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат рак. Исто така, нема информации што сугерираат дека овие вакцини можат да направат ракот да расте или да се повтори (да се врати).
Вистиномер и претходно има пишувано дека вакцините против ковид-19 не предизвикуваат канцер. На следниот линк имаме објавено и рецензија за тоа дека спајк протеинот од вакцината против ковид-19 не е поврзан со раст на стапката на канцер.
Доктор Марк Шломчик, претседател на Одделот за имунологија на Универзитетот во Питсбург за медицина, вели дека идејата дека вакцините може да предизвикаат канцер се невистинити.
Нема начин вакцината да предизвика рак. Ниту една вакцина, која било, кога сме ја проучувале, или сме ја користеле за да се превенира инфекција, не била поврзана со канцер, вели тој.
Повеќе од 6 милијарди луѓе имаат примено вакцина против ковид-19 ширум светот и инциденцата за канцер не е поврзана со апликацијата на вакцините, вели тој.
И други организации за проверка на факти пишуваат дека појавата на карцином од вакцини против ковид е измислица.
Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар