Нема докази дека вакцините содржат графен оксид
Теоријата на заговор дека вакцините содржат графен оксид, особено се засили за време на ковид пандемијата кога се ширеа дезинформации дека со вакцините против ковид на луѓето им се внесува во телото оваа супстанца. „Вистиномер“ досега повеќепати има пишувано на оваа тема, покажувајќи дека станува збор за антиваксерска дезинформација
Теоријата на заговор дека вакцините содржат графен оксид, особено се засили за време на ковид пандемијата кога се ширеа дезинформации дека со вакцините против ковид на луѓето им се внесува во телото оваа супстанца. „Вистиномер“ досега повеќепати има пишувано на оваа тема, покажувајќи дека станува збор за антиваксерска дезинформација
Анализираме објава на Фејсбук во која се вели:
Пишав пред некој ден : Да помогеме на вакцинираните со графен оксид !!
Објавата неосновано и без никакви докази тврди дека луѓето кои се вакцинирале имаат графен оксид во себе, односно дека вакцините содржат графен оксид. Ваквото тврдење не е точно.
Теоријата на заговор дека вакцините содржат графен оксид, особено се засили за време на ковид пандемијата, кога се ширеа дезинформации дека со вакцините против ковид на луѓето им се внесува во телото оваа супстанца. „Вистиномер“ досега повеќепати има пишувано на оваа тема.
Не е точно дека вакцините против ковид-19 содржат графен оксид. Најчесто оваа дезинформација во ковид антивакциналната кампања беше поврзувана со вакцината на „Фајзер“. Дури и Администрацијата за храна и лекови на САД за „Асошиејтед Прес“мораше да демантира дека вакцината содржи графен оксид.
Како што е објаснето во напис објавен во журналот „Фронтиерс оф Физикс“ во јануари 2019 година, графен оксидот е материјал кој настанува со оксидација на графен. Графен е единечен слој на графит (меката супстанца која ја има во врвот од моливите за пишување). Графен оксидот има потенцијална употреба во електрониката, оптиката, хемијата, складирањето енергија и биологијата. „Асошиејтед прес“ извести дека и покрај тоа што имало истражувања за тоа дали се користел графен оксид во некои вакцини (во количества кои за човекот не би биле токсични), материјалот не е на листата на состојки на фајзеровата вакцина или која било друга вакцина.
Од Администрацијата за храна и лекови (FDA) во изјава за Фулфакт потврдиле дека вакцините против ковид не содржат графен оксид.
И од „Фајзер“ за Фулфакт изјавиле:
Графен оксидот не се користи во производството на вакцината против ковид-19 на „Фајзер“/„БиоНТек“. Не се користи графен оксид во процесот на производство и го нема ниту во суровините или во финалниот производ од вакцината.
Не постојат докази дека која било вакцина содржи графен оксид.
Поради сето погоре, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар