Нема докази за поврзаност меѓу срцеви удари на пилоти и ковид вакцините

Фото: pixabay.com

Постот манипулира  и без никакви аргументи и докази неколку случаи во кои пилоти или копилоти доживеале срцев удар, ги поврзува со ковид вакцината. Во конкретните случаи посочени во постот, воопшто нема податок дали пилотите били вакцинирани против ковид-19 или не. Наспроти ваквата манипулација, познато е дека случаи кога пилоти и копилоти доживеале срцев удари за време на лет, имало и порано, пред воопшто да се појави болеста ковид-19 и вакцините против ковид. На пример, во октомври 2015 година од срцев удар за време на лет починал пилот на Американ Ерлајнс, а на 6 мај 2017 година срцев удар имал пилот на летот од Казабланка до Брисел

Постот манипулира  и без никакви аргументи и докази неколку случаи во кои пилоти или копилоти доживеале срцев удар, ги поврзува со ковид вакцината. Во конкретните случаи посочени во постот, воопшто и нема податок дали пилотите били вакцинирани против ковид-19 или не. Наспроти ваквата манипулација, познато е дека случаи кога пилоти и копилоти доживеале срцев удари за време на лет, имало и порано, пред воопшто да се појави болеста ковид-19 и вакцините против ковид. На пример, во октомври 2015 година од срцев удар за време на лет починал пилот на Американ Ерлајнс, а на 6 мај 2017 година срцев удар имал пилот на летот од Казабланка до Брисел

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Нешто што ниту еден пилот на авиокомпанија не сака да го каже и ниту еден патник не сака да го слушне, но овој месец авиокомпаниите Вирџин Австралија, Емирати, Јунајтед и Саутвест ги свртеа сите авиони или извршија итно слетување бидејќи екипажот на летот има сериозни здравствени проблеми. Пилотот на Бритиш Ервејс почина од срцев удар непосредно пред да лета со авион од Египет.

Еве го распоредот: го распоредот:

▪️3. Март: Екипажот на Virgin Australia доби белешка во која се опишува зошто летот VARA A320 од Аделаида до Перт се вратил наназад по 30 минути: „На првиот офицер [копилотот] му се слошило. Капитенот мислеше дека враќањето во Аделаида би било најдоброто решение.
▪️11 март: Летот на Јунајтед 2007 од Гватемала до Чикаго беше пренасочен поради болки во градите на капетанот и слета на аеродромот Џорџ Буш во Хјустон.
▪️12. Март: Се известува дека пилот на Бритиш ервејс колабирал и починал во хотел во Каиро, Египет, непосредно пред да се качи на лет.
▪️13. Март: Летот EK205 на Емирати од Милано се врати откако копилотот се чувствувал лошо 90 минути по полетувањето.
▪️22. Март: Џош Јодер, претседател на US Freedom Flyers, организација која се бори против задолжителните вакцини за екипажот на авиокомпаниите, твитна: На лет на Југозапад од Лас Вегас, капетанот стана онеспособен веднаш по полетувањето. Тој беше заменет со пилот кој не беше од југозапад, кој беше патник на тој лет.
[…] Многу авиокомпании наложија вакцини за Ковид-19, иако на пилотите не им е дозволено да учествуваат во испитувања на лекови и им е дозволено да примаат само одобрени лекови кои биле во општа употреба најмалку 12 месеци.[…]

Во врска со  авионот на Вирџин Австралија, тој бил навистина вратен назад 30 минути по полетувањето од страна на копилотот, затоа што пилотот доживеал срцев удар. Авионот бил вратен во Аделаида на пистата број 23, а летот бил откажан и авионот останал приземјен 25 часа пред повторно да се врати во употреба. На 8 март 2023 Вирџин Австралија известија:

Може да потврдиме дека на пилотот му се слоши за време на летот и истиот е вратен назад согласно безбедносните протоколи. Авионот безбедно слета во Аделаида и патниците се пренасочени на следниот лет. Пилотот е однесен во болница за опсервации и подоцна за него е известено дека е во ред.

Точно е и дека на 11 март лет на Јунајтед со број 2007 слетал во Хјустон поради болки во градите на пилотот.

Што се однесува на пилотот на Бритиш Ервејс кој починал во хотел во Каиро, Египет од срцев удар, а кој требало да управува со авион назад во Британија,  британски Мирор извести дека пилотот имал проблеми со здравјето неколку месеци претходно.

Авионот на Емирати кој летал од Милано за САД, се вратил час и половина по полетувањето зашто на копилотот му се слошило. Здравствената состојба на пилотот го загрижила целиот екипаж кој решил авионот да се врати во Милано наместо да продолжи на седумчасовен лет до САД.

Но, постот манипулира  и без никакви аргументи и докази  овие четири случаи во кои пилоти или копилоти доживеале срцев удар, ги поврзува со ковид вакцината. Наспроти ваквата манипулација, познато е  дека случаи во коишто пилоти и копилоти доживеале срцев удари за време на лет, имало и порано, пред воопшто да постои болеста ковид-19 и вакцините против ковид.

Случаи има повеќе.

На 27 септември 2013 година срцев удар имал  пилотот на Јунајтед капетан Хенри Стилерн на возраст од 63 години.

На 6 октомври 2015 година од срцев удар за време на лет починал пилот на Американ Ерлајнс.

На 6 мај 2017 година срцев удар имал пилот на летот од Казабланка до Брисел.

Во ноември 2019 година пилот на авионот Ербас А320 на Аерофлот починал откако доживеа срцев удар на лет во Русија.

На 26 август 2017 година авион на Катар Ервејз  кој летал од Доха до Денпасар на Бали, морало итно да биде пренасочен и принудно да слета зашто еден од пилотите доживеал срцев удар.

Од горепосочените примери евидентно е дека и пред ковидот и пред вакцините постоеле бројни случаи во кои пилоти од некои причини имале срцев удари додека биле на лет.

Со оглед на тоа што во конкретниот пост се наведени само четири случаи, а секој ден има илјаднци летови (бројот на домашни и меѓународни летови на авиокомпаниите ширум светот, во 2021 година, на пример, се проценува на 22,2 милиони), не може да се тврди дека има корелација меѓу вакцинацијата на пилотите и срцевиот удар. Во конкретните случаи посочени во постот, воопшто и нема податок дали пилотите били вакцинирани против ковид-19 или не.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека во постот што го рецензираме се пропушта контекстот.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција