Нема докази за производство на пластичен ориз

Фото: Принтскрин видео

Видеото што се споделува во постот  не е од производство на пластичен ориз, туку реклама за машина за ориз збогатен со микронутриенти. Вистиномер го пронајде оригиналното видео што е објавено на страницата на компанијата „СанПринг“ – производител на опрема за машинска обработка на ориз и други прехранбени производи. Од нивниот Јутјуб канал е евидентно дека имаат разни машини и дека ги нудат за продажба на различни компании

Видеото што се споделува во постот  не е од производство на пластичен ориз, туку реклама за машина за ориз збогатен со микронутриенти. Вистиномер го пронајде оригиналното видео што е објавено на страницата на компанијата „СанПринг“ – производител на опрема за машинска обработка на ориз и други прехранбени производи. Од нивниот Јутјуб канал е евидентно дека имаат разни машини и дека ги нудат за продажба на различни компании

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

02.02.2023
Ориз од пластика.
Производство.

Во склоп на постот споделен е видеоматеријал на кој се гледа фабричка производствена линија на која се произведува ориз.

Вистиномер го пронајде оригиналното видео што е објавено на страницата на компанијата „СанПринг“ – производител на опрема за машинска обработка на ориз и други прехранбени производи.  Од нивниот Јутјуб канал е евидентно дека имаат разни машини и дека ги нудат за продажба на различни компании. Видеото презентирано во постот што го рецензираме не е за изработка на ориз од пластика, туку за реклама на машина за изработка на збогатен ориз со нутритиенти (fortified rice).

Збогатувањето на оризот е процес на додавање на збогатени оризови кернели кои содржат микронутриенти како железо, фолна киселина, витамин Б12 на нормален ориз (мелен ориз). Збогатувањето на оризот со микронутриенти има добиено позитивни оценки во повеќе студии.

Како најконзумираната храна во светот, оризот претставува критичен механизам за да им се дадат микронутриенти на луѓето ширум светот.

Збогатените оризови кернели се додаваат на регуларниот ориз и после готвењето не може да се детектираат.

Може да стои на полица околу 6 месеци, а со развојот на нови формулации се работи на тоа временскиот рок да биде подолг. Цената на збогатениот ориз е многу ниска, само два до пет проценти повисока од онаа на регуларниот ориз. Овој вид на ориз е едноставен, евтин начин да им се подобрат животите на ранливите групи луѓе во светот.

Би Би Си во 2017 година објавија текст со наслов: „Зошто луѓето веруваат во митот за пластичен ориз“:

И покрај штурите докази дека станува збор широкораспространет проблем, гласините за пластичен ориз што се продава во Африка и во други држави опстојуваат на социјалните мрежи, претежно промовирани преку вирални видеоматеријали кои прикажуваат оризови топчиња.

 

Би Би Си наведува дека гласините почнале во Сенегал, Гамбија и Гана и достигнале врв кога Агенцијата за храна и лекови на Гана решила да спроведе истрага дали навистина има пластичен ориз на пазарот. Од примероците доставени од производителите на ориз за кои имало сомнеж дека се направени од пластика, немало ниеден за кој тоа се потврдило на пазарот во Гана.

Написот на Би Би Си објаснува дека првично дезинформацијата за пластичен ориз се појавила во Кина од 2010 година, поконкретно дека пластичен ориз се произведувал и се мешал со вистинскиот и дека така е доставуван на пазарите на продажба до конзументите.

Во еден случај фирмите продавале вообичаен ориз како висококласен. Потоа во 2011 година се појавиле извештаи дека оризот бил произведуван и мешан со компири и индустриска леплива смола.

Но, во ниеден момент немаше потврдени случаи на големи количини на пластични честички да се продаваат како ориз. Пластиката би била поскапа од самиот ориз, пишува Би Би Си.

И проверувачите на факти на Сноупс пишуваат дека станува збор за дезинформација.

Од појавата на гласините за пластичен ориз од 2011 година, не успеавме да најдеме докажани извештаи пласирани од кого било за пластичен ориз во која било од државите каде овие гласини се појавија. Во еден случај жена од Индонезија се разболела, па базирано на гласините претпоставила дека пластичниот ориз е виновникот за тоа. Неколку производи потоа беа тестирани дополнително и се откри дека конкретниот ориз не е пластичен туку само бил збогатен, пишуваат Сноупс.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека нема докази за производство на пластичен ориз, а конкретното видео во постот што го рецензираме не е од производство на пластичен ориз, туку реклама за машина за изработка за ориз збогатен со микронутриенти.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција