Нема „Филипс“ апарат за кафе за 123 денари
Постот има за цел да ги измами следбениците на социјалните мрежи и да ги извлече нивните лични податоци за потоа истите да ги злоупотреби. На Фејсбук страницата „Стор Маседониа“ која го нуди овој производ пишува дека фирмата се наоѓа на улица „Браќа Гиноски“ бр. 29 во Гостивар. Со пребарување на Гугл може да се види дека на оваа адреса се наоѓа фирмата HBC company, Philips electronic. На веб-страницата на оваа компанија никаде не може да се најде кафемат Филипс за 123 денари
Постот има за цел да ги измами следбениците на социјалните мрежи и да ги извлече нивните лични податоци за потоа истите да ги злоупотреби. На Фејсбук страницата „Стор Маседониа“ која го нуди овој производ пишува дека фирмата се наоѓа на улица „Браќа Гиноски“ бр. 29 во Гостивар. Со пребарување на Гугл може да се види дека на оваа адреса се наоѓа фирмата HBC company, Philips electronic. На веб-страницата на оваа компанија никаде не може да се најде кафемат Филипс за 123 денари
Пост на Фејсбук нуди лажна промоција на „Филипс“ апарат за кафе за само 123 денари.
ЖЕШКА ЗДЕЛКА! PhiIips™ ги продава остатоците од претходниот модел на апарат за кафе 4300 LatteGo за само 123 ден. https://tinyurl.com/4300-MK Аплицирајте сега за да ги дознаете деталите за промоцијата! Достапно онлајн до истекот на залихите!, стои во објавата што ја анализираме.
Кога ќе стиснете на линкот оставен во постот, тој ќе ве однесе на страница на која се бара од вас да пополните анкета, а потоа ве информираат дека имате можност да го купите апаратот за 123 денари и бара од вас да оставите лични податоци меѓу кои и број на банкарска картичка.
Фејсбук страницата која го нуди овој производ во делот за информации пишува за себе дека фирмата „Стор Маседониа“ се наоѓа на улица „Браќа Гиноски“ бр. 29 во Гостивар. На страницата има само неколку слични постови кои се објавени пред еден ден, иако во описот пишува дека функционира од 2016 година.
Вистиномер побара на Гугл која фирма се наоѓа на оваа адреса и дојдовме до фирмата HBC company, Philips electronic.
ХБС Компани дооел – PHILIPS Elektronic компанија e формирана 1998 година, првенствено како Сервис на eлектро техничка стока. Во 2001 година отваpајќи големи продавници PHILIPS Elektronic започна со трговија Бела техника и увоз на апарати за домаќинство и стана овластен увозник и дистрибутер на брендови PHILIPS, ICF, ISITAS и CONTI. Нашата дејност опфаќа продажба на големо и мало на бела техника иТВ & аудио , кујнски апарати, апарати за лична нега, грејни тела, цврсто гориво и апарати за ладење. Во нашите продавници се продаваа сите светски брендови на бела техника и електроника, а воедно и располагаме со сопствен сервисна мрежа низ цела република.
ХБС Компани дооел Во 2010 година започна со производство на Амбалжни материјали:
Картонски Цевки (Хилзни),
Стреч фолија,
Селотејп Самолеплива трака,
Креп трака
(прехранбено) Хартиени кеси., стои во описот на оваа компанија на нејзината веб- страница.
На веб-страницата на оваа компанија никаде не може да се најде апарат за кафе марка Филипс за 123 денари.
Инаку цената на овој апарат е речиси 1000 долари.
Очигледно е дека постот што го анализираме има за цел да ги измами следбениците на социјалните мрежи и да ги извлече нивните лични податоци за потоа истите да ги злоупотреби.
Граѓаните мора да внимаваат каде оставаат свои податоци, особено кога станува збор за вакви сомнителни Фејсбук страници, кои иако изгледаат сериозни, сепак се лажни.
Според сето ова, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар