Нема каузалност меѓу примањето на ковид вакцината и падот на наталитетот
Тоа што вакцинираните жени против ковид имале „драматичен пад на наталитетот“ не покажува каузална врска со вакцинацијата. Можно е тој пад на наталитетот да е поврзан со други нивни медицински причини, економски причини, социјални причини, или пак, тоа што не се обидуваат да имаат дете
Тоа што вакцинираните жени против ковид имале „драматичен пад на наталитетот“ не покажува каузална врска со вакцинацијата. Можно е тој пад на наталитетот да е поврзан со други нивни медицински причини, економски причини, социјални причини, или пак, тоа што не се обидуваат да имаат дете
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Европа во неволја: Драматичен пад на стапките на наталитет кај жените вакцинирани против Ковид. Официјалните податоци од Европа предизвикуваат сериозна загриженост – раѓањата на бебиња се во нагло опаѓање, но само кај жените кои примиле „вакцини“ со мРНК против Ковид…
Самите истражувачи во студијата се внимателни да потенцираат дека нивните сознанија не докажуваат штета. Тие ги опишуваат резултатите како такви што „генерираат хипотеза“, што значи дека отвораат прашања за следни истражувања, но не обезбедуваат цврсти одговори.
Други студии особено оние што ги следат индивидуалните случаи подолго време, не покажуваат поврзаност меѓу вакцините против ковид-19 и намалена плодност. Всушност, многу професионални организации како Американскиот колеџ на гинеколози и акушерки продолжува да ја поддржува вакцинацијата за време на репродуктивните години и за време на бременоста. Овие препораки се базирани на зголемено ниво на докази од висококвалитетни студии кои водат сметка за личните здравствени фактори и времето на зачнувањето.
Така што конкретната студија за Чешка, сугерира дека се потребни подетални испитувања, дека следењето на националните трендови е корисно, но недоволно. И потсетува колку е важно да се поставуваат вистинските прашања кога се работи за здравјето, особено за нешто толку сензитивно и лично како плодноста.
Универзитетот за медицински науки „Браун“ специјализиран за гинекологија и акушерство, исто така, продолжува да ја поддржува вакцинацијата против ковид за време на бременоста.
Доказите покажуваат дека вакцината е безбедна и ефикасна во бременоста и дека бенефитите од вакцинација против ковид-19, далекусежно ги надминуваат потенцијалните ризици од вакцинација за време на бременоста. Бремените жени имаат исти несакани ефекти како и генералната популација што се вакцинира против ковид-19. Една студија најде дека бремените имаат наклонетост кон тоа да развиваат полокализирани реакции, како болка во раката и местото на боцкањето. Исто така, се забележува и мало покачување на телесната температура. Факт е дека доколку мајката има температура после вакцинацијата тоа не е штетно ниту за бебето, ниту за бременоста и може да се третира со ацетаминофен за да се намали температурата, пишува на сајтот на Универзитетот „Браун“.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот. Тоа што вакцинираните жени против ковид имале „драматичен пад на наталитетот“ не покажува каузална врска со вакцинацијата. Можно е тој пад на наталитетот да е поврзан со други нивни медицински причини, економски причини, социјални причини, или пак, тоа што не се обидуваат да имаат дете.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар