Нема медицински докази дека глуварчето е 100 пати поефикасно од хемотерапијата и дека лекува рак

Графички приказ на рак на панкреас Фото: Scientific Animations Inc., CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Научните докази кои се достапни, покажуваат дека пациентите со канцер кои одбираат само алтернативни терапии, умираат побрзо отколку тие што користат тестирани третмани.

Научните докази кои се достапни, покажуваат дека пациентите со канцер кои одбираат само алтернативни терапии, умираат побрзо отколку тие што користат тестирани третмани. Според онкологот Давид Горски, поверојатно е дека стандардните третмани се одговорни за подобрувањето, заедно во комбинација со среќната околност дека туморите не биле агресивни

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Глуварчето е 100 пати поефикасно од хемотерапијата за 48 саати ги уништува клетките на канцерот.

Тврдењето изнесено во објавата без никакви наводи и медицински докази звучи доста сензационално, но, според научните истражувања, тоа е неточно.

Постојат истражувања кои покажале дека во лабораториски услови (in vitro) и кај животински модели се гледа дека екстракт од корен на глуварче може да предизвика смрт (апоптоза) на одредени видови клетки на рак, и да забави раст на тумори. На пример, една студија покажа дека воден екстракт од корен на глуварче (DRE) го намалил растот на човечки колоректален тумор во модел на глувчиња за над 90 %.

Сепак, нема доволно докази од клинички студии кај луѓе кои покажуваат дека глуварчето може да замени или да биде „100 пати поефикасно“ од стандардна хемотерапија.

Медицинските извори предупредуваат дека овие информации мора да се земат со голема доза скептицизам и дека користењето на глуварче наместо проверени третмани може да биде ризично.

Глуварчето може да е интересен извор на потенцијални биолошки препарати, но не е доволно проучено за да се каже дека е лек за рак, ниту дека е „100 пати поефикасно“ од хемотерапијата, како што тоа го тврди објавата. Ако некој се бори со рак, важно е да се придржува до советите на онколозите и проверените медицински третмани – а не да се базира само на негирани или непотврдени информации.

И претходно во медиумите беше објавувано дека ракот може да се победи со други состојки, како на пример мешавина од ореви, мед и лимони.

Aмериканскиот институт за борба против канцер, на својата официјална веб-страница наведува дека:

Не постои ниту една храна, којашто самата по себе, без комбинација со ништо друго – може да ве излекува од канцер.

Во светот има луѓе кои лажно тврдеа дека се излекувале од канцер само со исхрана. Најеклатантниот пример за ваквата лажна приказна е онаа на Австралијанката Бел Гибсон, која се збогати на начин што отвори блог за да им кажува на луѓето како туморот на мозокот го излекувала само со органска храна. Да биде трагедијата поголема, Бел Гибсон се наполни со пари, креирајќи апликација за здрава исхрана со која таа го победила неоперабилниот тумор на мозокот. Потоа се дозна дека никогаш немала тумор, дека никогаш не се излекувала од истиот со здрава храна, а австралиската влада ја осуди на парична казна од 240 илјади долари, затоа што лажно ги терала граѓаните да уплаќаат хуманитарни средства, кои потоа завршувале во нејзиниот џеб.

Научните докази кои се достапни, покажуваат дека пациентите со канцер кои одбираат само алтернативни терапии, умираат побрзо отколку тие што користат тестирани третмани. Според онкологот Давид Горски, поверојатно е дека стандардните третмани се одговорни за подобрувањето, заедно во комбинација со среќната околност дека туморите не биле агресивни.

Модерната медицина користи повеќе пристапи во третманот на ракот во зависност од типот и стадиумот на болеста:

  • Хирургија – отстранување на туморот.
  • Хемотерапија – лекови што ги уништуваат клетките на ракот.
  • Радиотерапија – зрачење со висока енергија за уништување на клетките.
  • Имунотерапија – го стимулира имуниот систем да го препознае и уништи ракот.
  • Таргетирана терапија – лекови кои делуваат на одредени молекули во раковите клетки.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција