Нема научни докази дека вакцините предизвикуваат аутизам, рак, автоимуни заболувања или СИДС

Фото: U.S. Department of Defense, Lisa Ferdinando

Вакцините се најголемата придобивка на современата медицина и спасуваат животи на начин што помагаат во спречување на многу опасни заразни болести. Со примање вакцина, организмот создава заштита против вируси и бактерии без да мора да се прележи болеста.

Вакцините се најголемата придобивка на современата медицина и спасуваат животи на начин што помагаат во спречување на многу опасни заразни болести. Со примање вакцина, организмот создава заштита против вируси и бактерии без да мора да се прележи болеста. На овој начин се намалува ризикот од сериозни компликации, хоспитализација и смрт, особено кај децата, постарите лица и луѓето со послаб имунитет

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ…!

Вашето дете има аутизам поради вакцини.

Вашето дете има рак поради вакцини.

Вашето дете има автоимуна болест поради вакцини.

Вашето дете има сериозни проблеми во однесувањето, вклучувајќи анксиозност и опсесивно-компулсивно растројство поради вакцини.

Вашето дете може да почине во креветчето поради вакцини.

И никој нема да биде одговорен освен вие самите.

Чувајте ги децата зошто злото од овој свет сака да ги грабне.

Тврдењето во објавата вакцините предизвикуваат аутизам, рак, автоимуни заболувања, анксиозност и ОКР и можат да предизвикаат смрт на бебе во креветче, не се поткрепени со никакви медицински докази.

За најчесто споменуваното тврдење дека вакцините предизвикуваат аутизам, Светската здравствена организација (СЗО) во својата најнова систематска анализа на истражувањата од 2010 до 2025 година заклучува дека најквалитетните научни студии не покажуваат причинско-последична врска меѓу вакцините и аутизмот.

СЗО наведува дека големите истражувања не покажуваат дека детските вакцини предизвикуваат аутизам или други невроразвојни нарушувања, додека вакцините, како и другите медицински производи, можат да имаат несакани ефекти кои се следат и проценуваат.

Тврдењето дека вакцините предизвикуваат рак, автоимуни заболувања, анксиозност или опсесивно-компулсивно растројство, исто така, не е поткрепено со наведени научни докази во објавата. Нема докази дека вакцинацијата генерално предизвикува автоимуни заболувања. Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) наведува дека истражувањата за можни врски меѓу вакцините и состојби како мултиплекс склероза, дијабетес и астма не покажале причинска поврзаност. Важно е да се напомене дека постојат специфични, ретки несакани реакции на одредени вакцини, па безбедноста се следи континуирано.

Тврдењето дека вакцините предизвикуваат рак не е поткрепено со научните податоци. ЦДЦ наведува дека долгогодишното следење на вакцините и истражувањата за долгорочни здравствени последици не идентификувале вакцинација како фактор на ризик за рак. Истовремено, некои вакцини имаат спротивен ефект — на пример, вакцината против HPV спречува инфекции со типови на HPV кои можат да предизвикаат повеќе видови рак.

Во објавата не се дадени докази за причинско-последична врска меѓу детските вакцини и анксиозните нарушувања или опсесивно-компулсивното растројство. Самото појавување на симптоми по вакцинација не е доволно за да се заклучи дека вакцината ги предизвикала, за таква причинска врска се потребни контролирани епидемиолошки и медицински истражувања. ЦДЦ, исто така, нагласува дека пријавен здравствен проблем по вакцинација дека вакцината го предизвикала.

Особено е неточно тврдењето дека вакцините можат да предизвикаат синдром на ненадејна смрт кај доенчиња (SIDS). Безбедносните анализи и повеќе истражувања не покажуваат дека детските вакцини предизвикуваат или се поврзани со SIDS. Возраста кога бебињата примаат дел од вакцините се совпаѓа со периодот кога SIDS природно е најчест, што може да создаде лажна временска поврзаност.

Вакцините се најголемата придобивка на современата медицина и спасуваат животи на начин што помагаат во спречување на многу опасни заразни болести. Со примање вакцина, организмот создава заштита против вируси и бактерии без да мора да се прележи болеста. На овој начин се намалува ризикот од сериозни компликации, хоспитализација и смрт, особено кај децата, постарите лица и луѓето со послаб имунитет.

Покрај индивидуалната заштита, вакцините имаат и големо значење за целото општество. Кога поголем дел од населението е вакцинирано, се создава колективен имунитет кој го ограничува ширењето на заразите. Тоа е особено важно за луѓето кои не можат да примат вакцина поради здравствени причини. Благодарение на вакцинацијата, некои болести кои некогаш предизвикувале големи епидемии денес се ретки или целосно искоренети.

Вакцините исто така придонесуваат за подобар квалитет на живот и економска стабилност. Со намалување на бројот на заболени, се намалуваат и трошоците за лекување и престој во болница. Луѓето можат да продолжат со своето образование, работа и секојдневни активности без големи прекини предизвикани од болести. Затоа, редовната вакцинација е важен чекор за зачувување на јавното здравје и благосостојбата на заедницата.

Како што објави Светската здравствена организација во 2024 година, огромна студија објавена од „Лансет“ открива дека глобалната имунизација има спасено околу 154 милиони животи, што е еквивалентно на 6 животи во секоја минута на секоја година во последните 50 години.

Поради сето погоре, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција