Нема никаков план за депопулација и за претворање на луѓето во дигитални робови
Објавата ја шири добро познатата теорија на заговор за депопулација на луѓето, односно намалување на бројот на населението до ниво на „златната милијарда“, како и дека постои некаков план, Агенда 30 за воведување на биометриски податоци со цел следење на луѓето и нивна контрола и претворање во робови. Теоријата на заговор за некакви си сатанисти, на некоја длабока држава и за некаков план за депопулација е добро позната теорија, за која Вистиномер има пишувано во повеќе наврати и истата е производ на движењето Кју Анон
Објавата ја шири добро познатата теорија на заговор за депопулација на луѓето, односно намалување на бројот на населението до ниво на „златната милијарда“, како и дека постои некаков план, Агенда 30 за воведување на биометриски податоци со цел следење на луѓето и нивна контрола и претворање во робови. Теоријата на заговор за некакви си сатанисти, на некоја длабока држава и за некаков план за депопулација е добро позната теорија, за која Вистиномер има пишувано во повеќе наврати и истата е производ на движењето Кју Анон
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
ДИГИТАЛЕН ПРОЕКТ ЗА СЕКОГО И ПОВРЗУВАЊЕ СО БИОМЕТРИСКИ ПОДАТОЦИ – СЛЕДЕЊЕ НА СЕКОЈ БЕЗ ИСКЛУЧОК
Веќе сме сведоци на многу трагедии, несреќи, од како ни инсталираа контролирани глупаци во влада и сите институции, послушници на сатанистичката АГЕНДА 2030. Целта на оваа Агенда е депопулација на сите можни начини преку нови методи на војување: биолошко-вакцини, хемиско, психолошко, душевно тепање, информациски хаос, девијантно образование, дигитално поврзување со нашиот живот, не случајни поединечни убиства или групни, исчезнати т.е. киднапирани па убиени фрлени мртви во некој јаз или река.
ЧОВЕКОТ СТАНА САМО БРОЈКА.
Не случајно дивеење во сообраќај со жртви, контролирани умови со контролирано поведение, однесување, предизвикување реакција – гнев, контрола на реакција, апсење, медиумска агресивна црна хроника и следи понуда со наметнато решение. И сето тоа со една цел – КОНТРОЛА НА МАСА ЛУЃЕ СО ТЕНДЕНЦИОЗНА ДЕПОПУЛАЦИЈА ДО ЗЛАТНА МИЛИЈАРДА ВО СВЕТОТ, ЗА ДА МОЖАТ ДА ВОСПОСТАВАТ ПОТПОЛНА КОНТРОЛА НА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ – ЧОВЕК РОБОТ…, стои меѓудругото во објавата.
Објавата ја шири добро познатата теорија на заговор за депопулација на луѓето, односно намалување на бројот на населението до ниво на „златната милијарда“, како и дека постои некаков план, Агенда 30 за воведување на биометриски податоци со цел следење на луѓето и нивна контрола и претворање во робови.
Теоријата на заговор за некакви си сатанисти, на некоја длабока држава и за некаков план за депопулација е добро позната теорија за која Вистиномер има пишувано во повеќе наврати и истата е производ на движењето Кју Анон. Според оваа теорија, една мала недефинирана група на политичари раководат со светот и му мислат лошо на мноштвото од населението, заговараат депопулација и се бават со педофилија.
Според описот на Белингкет (bellingcat.com) Кју анон е теорија на заговор којашто лажно тврди дека ексамериканскиот претседател Доналд Трамп долго работи на тоа да ги победи „сатанистите, педофилите, длабоката држава и кабалата“ (често употребувани зборови во наративите на промоторите). И покрај тоа што Трамп во моментов не е претседател и предвидувањата на Кју анон не се остваруваат, конспирацијата продолжува да влече нови следбеници. Освен во САД, проширена е во многу држави и од неа се создадени други опасни наративи, како на пример, оние што ги шират антиваксерите. Следбениците на Кју остануваат активни и во теориите на заговор кои се однесуваат на Украина, пишува Белингкет.
Што се однесува до споменувањето на „златната милијарда“, станува збор за стара теорија на заговор, според која светската елита сака да ги приграби ресурсите и богатството само за себе, а останатите жители на планетата да бидат препуштени на сиромаштија и глад.
Оваа заговорничка теорија е често застапувана во говорите на рускиот претседател Владимир Путин, но и од други високи функционери на Кремљ, како линија за напад на Западот додека се одвива војната во Украина. Во тој контекст Путин, во јули 2022 година, во говорот во Москва кажа:
Моделот на целосна доминација на таканаречената златна милијарда е неправеден.
Веднаш потоа тој запраша:
Зошто оваа златна милијарда од целото население на земјината топка да доминира над сите и да наметнува свои правила на однесување?
Во контекст на теоријата на заговор за депопулација, теоретичарите на заговор често ја спомнуваат и Агенда 2030 на Обединетите нации. Вистиномер и на оваа тема има пишувано во повеќе наврати.
Документот Агенда 30, претставува план за одржлив развој на кој се имаат согласено земјите членки на Обединетите нации во 2015 година, и вклучува во себе 17 глобални цели кои покриваат работи, како намалување на нееднаквоста и спречување на глад во светот.
Целите на Агенда 2030 се да заврши сиромаштијата во сите форми секаде, заедно со искоренување на гладта, да се обезбеди сигурност дека ќе има храна и подобра исхрана и да се промовира одржлива агрикултура, да се овозможи здрав живот и добросостојба кај сите возрасни групи, да се осигури инклузивно и квалитетно образование и можности за доживотно учење за сите, да се постигне еднаквост меѓу половите, да се охрабрат и зајакнат жените и девојчињата, да се обезбеди добар менаџмент на водата, да се осигури достапност на евтин, сигурен и модерен систем за енергија, да се промовира економски раст, достоинствена работа за сите, да се изгради отпорна инфраструктура, да се намали нееднаквоста меѓу земјите, да се направат градовите инклузивни, безбедни и одржливи, да се преземат итни дејства за борба против климатските промени и нивните ефекти, да се зачуваат океаните, морињата и марински ресурси за одржлив развој, да се заштитат терестријалните екосистеми, да се менаџираат шумите, да се промовираат мирни и инклузивни општества, да се овозможи правда за сите, да се изградат инклузивни институции на сите нивоа.
Што се однесува до теоријата на заговор дека ќе се воведуваат биометриски податоци за луѓето полесно да се контролираат и да се претворат во робови, важно е да се напомене дека веќе со години, странските медиуми пишуваат за воведувањето на биометриски платежни картички, односно корисникот на банкарската сметка само ќе треба да го остави својот отпечаток од прст во банката, по што неговата картичка ќе биде поврзана со тој отпечаток и така ќе се заштити од кражби и неовластени трансакции. Ова во Македонија не е во функција, меѓутоа, причината за воведување на биометриски платежни картички е исклучиво заштита на корисникот, а не некаква тотална контрола врз него.
Сите биометриски податоци на луѓето веќе се во посед од страна на министерствата за внатрешни работи на земјите каде поседуваат државјанство. Државите веќе ги имаат биометриските податоци на своите граѓани, па тие не се претворени во нивни „робови”, туку тоа е направено за да се обезбеди заштита од криминалот, да се овозможат граѓанските права на луѓето, како на пример да се движат слободно (издавање на документи, пасоши). Дополнително, ваквите банкарски трансакции со отпечаток од прст, се веќе во употреба во држави од Европа, доколку тоа клиентот го сака.
Повеќе на оваа тема прочитајте тука.
Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар