Нема педофилски симбол во логото на филмот Хокус Покус
Со години приврзаниците на Кју движењето тврдат дека богати луѓе во светот и моќни фигури во областа на бизнисот и политиката, наводно киднапираат и мачат деца за да им го земат адренохромот од телата, додека се живи, а потоа „го консумираат за да останат млади“. Но, адренохромот е хемиско соединение кое се користи како хемостатик. Нема научна поткрепа за тоа дека адренохромот е еликсир на младоста. Ниту една научна студија, клиничко испитување или официјална здравствена агенција не го поврзува адренохромот со подмладувањето. Исто така, наспроти тврдењето во постот во логото на филмот Хокус Покус нема наводен педофилски знак – мал син триаголник со спирална форма околу кој има поголем триаголник. Во логото на овој американски филм, во буквата О има концентричен круг
Со години приврзаниците на Кју движењето тврдат дека богати луѓе во светот и моќни фигури во областа на бизнисот и политиката, наводно киднапираат и мачат деца за да им го земат адренохромот од телата, додека се живи, а потоа „го консумираат за да останат млади“. Но, адренохромот е хемиско соединение кое се користи како хемостатик. Нема научна поткрепа за тоа дека адренохромот е еликсир на младоста. Ниту една научна студија, клиничко испитување или официјална здравствена агенција не го поврзува адренохромот со подмладувањето. Исто така, наспроти тврдењето во постот во логото на филмот Хокус Покус нема наводен педофилски знак – мал син триаголник со спирална форма околу кој има поголем триаголник. Во логото на овој американски филм, во буквата О има концентричен круг
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:
Хокус Покус, филмот на Дизни, објавен во 1993 година, беше за цицање на животот од децата, со цел вештерките да го вратат својот младешки изглед. Звучи познато? Токму тоа е адренохром. Hocus Pocus 2, додаде педофилски симбол во насловот. Друг сличен филм на Дизни за адренохромот е Monsters Inc. Што мораа чудовиштата да им прават на децата? Што треба да им направат на децата за да добијат адренохром? Тоа го прават на јавен поглед со децении. Само треба да погледнете.
Години наназад, поддржувачите на Кју движењето во САД, ја пласираат теоријата на заговор дека од деца наводно се екстрахира адренохром. Никогаш со докази не е потврдено тека постои таква пракса, меѓутоа овие лажни наративи и понатаму се актуелни на интернет просторот. Оваа теорија на заговор се темели на тоа дека адренохромот е „еликсир на младоста кој мора да се извлече од жив организам, а жртвата притоа да почине“. Со години приврзаниците на Кју тврдат дека елитисти, или како што ги нарекуваат, „глобалисти“ (се однесува на богати луѓе во светот и моќни фигури во областа на бизнисот и политиката), наводно киднапираат и мачат деца за да им го земат адренохромот од телата, додека се живи, а потоа „го консумираат за да останат млади“.
Но, адренохромот е хемиско соединение со молекуларна формула C9H9NO3, кое се добива со оксидација на адреналин (епинефрин). Се користи како лек во форма на негови деривати за лекување на загубата на крв како хемостатик. Тврдењата дека има својства против стареење немаат никаква основа во реалноста и фактите.
Како што потенцираат проверувачи на факти од Грција, адренохромот е достапен за истражувачите во синтетичка форма. Според нив, идејата дека супстанцата мора да се извлече од жив организам за да има својства против стареење, освен што нема научна основа, се базира на филмот „Страв и омраза во Лас Вегас”, во кој еден од протагонистите продава адренохром и вели дека за да има ефект адренохромот мора да се извади од жив човек.
Во постот што го рецензираме. се тврди дека „Хокус Покус, филмот на Дизни, објавен во 1993 година, беше за цицање на животот од децата, со цел вештерките да го вратат својот младешки изглед“. Освен во филмовите и во книгите, нема научни поткрепи за тоа дека адренохромот е еликсир на младоста. Ниту една научна студија, клиничко испитување или официјална здравствена агенција не го поврзува адренохромот со подмладувањето.
Кју теоретичарите на заговор, одат дотаму што велат дека либералната елита и холивудските ѕвезди консумираат адренохром за да останат млади, повторно пласирајќи дезинформација без основа.
Адренохромот е состојка која што се добива со оксидација на адреналин, сепак не е точно дека деца се киднапирани за да се добие оваа состојка од нивната крв. Адренохром нашироко се употребува за да се намали загубата на крв кај отворени рани и повеќето продавачи потенцираат дека е синтетички.
Може да се нарача на интернет од повеќе добавувачи, но само за истражувачки цели, на пример овде.
Американската агенција за патенти, одобри патент на Дерик Ф Бут од Минесота Мајнинг компанијата, за процесот на синтетизирање адренохром. Тоа е друг пример за фирма што се занимава со оваа работа, иако во теориите на заговор кои циркулираат за адренохромот на интернет се тврди лажно дека состојката е толку ретка и таинствена и единствениот начин да се добие е од деца кои починале.
Лажна споредба
Во постот што го рецензираме, се вели дека во холивудскиот филм Хокус Покус 2, додаден бил педофилски симбол во логото од насловот каде што има концентричен круг. Логото може да го погледнете на следната фотографија.
Во постот се вели дека тој концентричен круг во средината на буквата О, претставува „педофилски симбол“. За да се поткрепи ова, се користи видео од социјалната мрежа Тик Ток, во кое девојка покажува страница од наводен документ на ФБИ, на која како што таа тврди, го има истиот симбол. Вистиномер го пронајде тој наводен документ, меѓутоа неговата автентичност не можеме да ја потврдиме со оглед на тоа што не циркулира на официјалната страница на ФБИ. Во секој случај, во тој документ, има симбол што иако потсетува, воопшто не е идентичен со оној во логото на фотографијата погоре од американскиот фантастичен, комичен филм Хокус Покус 2.
Споредбата на двете фотографии може да се види подолу:
Знакот кој наводно означува педофилија, според овој неверификуван документ, како што пишува во него е „мал син ТРИАГОЛНИК со спирална форма околу кој има поголем триаголник“. Во логото на Хокус Покус, односно во буквата О, има круг. Меѓутоа, лажната споредба кореспондира со практиката на следбениците на Кју теоријата на заговор, да „пронаоѓаат“ симболика за прикриени пораки и онаму каде што ги нема и каде што се работи за најобично филмско остварување.
Оттука, станува јасно дека двете работи не може да се поврзат и дека е во прашање уште еден обид да се доведе Холивуд, уметничкиот израз и фантастиката како жанр, во корелација со некаква поширока, поголема „заднинска намера да им се исцица крвта на малите деца за да се добие адренохром“.
Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар