Нема поставени сончеви колектори на училишта во Ѓорче Петров
Овој проект е ветен во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров (2013 – 2017) на кандидатот за градоначалник Сокол Митревски во одделот „ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА“.
Проект: Поставување сончеви колектори за заштеда на енергија во основните училишта: „Ѓорче Петров“, „Мирче Ацев“, „Димитар Поп Ѓорѓиев – Беровски“, „Страшо Пинџур“, „Тихомир Милошевски“ и „Јоаким Крчовски“ (во соработка со Владата и со Министерството за образование и наука) Рок: декември 2016 година
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Овој проект е ветен во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров (2013 – 2017) на кандидатот за градоначалник Сокол Митревски во одделот „ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА“.
Од увидот направен на сајтот на Општина Ѓорче Петров и наведените училишта пронајдена е само информација дека ОУ „Мирче Ацев“ работи на таков проект во соработка со Еразмус програмата.
Проект преку Еразмус програмата помеѓу опшините Ѓорче Петров и Разлог, Бугарија. Во овој проект со наслов DO&LEARN вклучени се училиштата „Мирче Ацев” од Македонија и Св „Паисии Хилендарски” од Бугарија и ќе се реализира во наредните 24 месеци од октомври 2016 до октомври 2018 година . За потребите на проектот ќе бидат изработени два сончеви колектори преку кои учениците од VII и VIII одделени под менторство на наставници ќе реализираат активности преку кои ќе се произведува енергија како крајна цел и тоа ќе стане дел од наставните часови и програми на наставниците вклучени во проектот. Општините Ѓорче Петров и Разлог ќе изработат стратегија за меѓусебна соработка во повеке области (образование,спорт,култура и др.)
Нема информации во медиумите дека сончеви колектори се поставени на училиштата во Ѓорче Петров, според тоа од увидот на интернет страните на општина ЃорЧе Петров, и основните училишта на кои е наведено дека ќе бидат поставени сончеви колектори може да се заклучи фдека ова ветување на Сокол Митревски не е реализирано.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров (2013 – 2017) на кандидатот за градоначалник Сокол Митревски, (Пристапено 22.08.2017)
- Интернет страна на ОУ „Ѓорче Петров“, (Пристапено 22.08.2017)
- Интернет страна на ОУ „Мирче Ацев“, (Пристапено 22.08.2017)
- Интернет страна на ОУ „Димитар Поп Ѓорѓиев – Беровски“, (Пристапено 22.08.2017)
- Фејсбук страна на ОУ„Страшо Пинџур“ (Пристапено 22.08.2017)
- Интернет страна на ОУ „Тихомир Милошевски“ (Пристапено 22.08.2017)
- и интернет страна на ОУ „Јоаким Крчовски“, (Пристапено 22.08.2017)
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар