Нема потврда дека струјата ќе поскапе по изборите

Текст со наведувачки и манипулирачки наслов, кој тврди дека навидум ќе се случи нешто, но за тоа што го тврди нема допирна точка со аргументи. Насловот е сензационалистички, напишан со големи букви за да привлече внимание и кликови, а притоа, факти за поткрепа нема

 

Линк до оригиналниот напис: После изборите ЌЕ СЕ ПОКАЧУВА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА!

Датум и време на објавување: 25.6.2020

Датум на рецензија: 28.6.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Во насловот се тврди дека по изборите ќе се покачува цената на струјата. Откако ќе прочитате ваков наслов, нормално дека ќе кликнете на текстот, затоа што покачување на цената на струјата е многу важна информација и за бизнисот и за граѓаните.

Но, кога ќе го прочитате текстот, ќе сфатите дека сте изманипулирани. Во текстот нема ништо што го потврдува насловот, односно ништо од факти што велат дека струјата ќе биде поскапена по изборите.

Напротив, во текстот, каде е цитирана изјава од претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, се вели дека Регулаторната комисија сè уште нема донесено одлука дали ќе има покачување на цената на електричната енергија.

„Во комуникација сме со компаниите и бараме дополнителни податоци бидејќи ова е многу некарактеристична година, односно и во делот на потрошувачката имаме невообичаени пикови, а исто така имаме и проблеми на нивните трошоци и начинот на кој се презентирани. Можеби и постапките да се продолжат и во текот на месец јули“

Покачување на цената на струјата по избори и немање одлука за покачување на струјата, се две различни нешта.

Оттука, манипулативно е да се тврди вакво нешто во време кога е изборна кампања. Се добива впечаток дека овој текст е тенденциозно објавен на овој начин, токму во овој период за да се постигнат политички поени во полза на опозицијата. Без дилема, според постојните етички правила во новинарството, станува збор за непрофесионално и неетички сработен текст.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција