Немало предлог-спогодба за хирургот од Битола осуден за примање поткуп

Клиничка болница Др.Трифун Пановски, Битола Фото: Sentimentalna, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Информацијата дека имало предлог-спогодба не е точна и никогаш не била дадена од Обвинителството. Во предметот е изречена пресуда во судска постапка, врз основа на признание на вина, а Основното јавно обвинителство Битола веќе вложи жалба, велат од Обвинителството за „Вистиномер“

Информацијата дека имало предлог-спогодба не е точна и никогаш не била дадена од Обвинителството. Во предметот е изречена пресуда во судска постапка, врз основа на признание на вина, а Основното јавно обвинителство Битола веќе вложи жалба, велат од Обвинителството за „Вистиномер“

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Познатиот хирург од Битола признал дека зел поткуп и добил условна осуда.

Во склоп на објавата се споделува текст во којшто се известува за случај каде хирург од Клиничката болница во Битола, признал кривично дело примање поткуп и бил осуден на условна осуда. Во целиот напис фактите се точни, со исклучок на еден. Имено, во текстот е наведен следниот невистинит факт:

Познатиот битолски хирург М.С (64) признал дека примил поткуп од пациентка и добил условна казна на судењето во Основен суд Битола. Случајот е решен по предлог спогодба во претходна постапка, меѓутоа, Основното јавно обвинителство од Битола не било задоволно од одлуката на судот и поднело жалба на пресудата, пишува „АПЛА.мк“.

Она коешто не е вистинито е дека „случајот е решен по предлог-спогодба во претходна постапка“.

Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за „Вистиномер“ велат дека информацијата дека имало предлог спогодба не е точна и никогаш не била дадена од Обвинителството.

Информацијата дека имало предлог-спогодба не е точна и никогаш не била дадена од Обвинителството. Во предметот е изречена пресуда во судска постапка, врз основа на признание на вина, а Основното јавно обвинителство Битола веќе вложи жалба, велат од Обвинителството за „Вистиномер“.

Во оригиналниот напис на „Апла.мк“, каде првично беше наведено дека постоела предлог-спогодба, извршена е интервенција односно неточниот факт е коригиран, што не е случај и со текстот од објавата што ја рецензираме.

 

Инаку, Основното јавно обвинителство Битола на 29 јануари годинава, поведе постапка против едно лице (хирургот) поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска  со став 3 и став 2 од Кривичниот законик.

Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот на 27 јануари, како лице кое вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почестел за извршената работа. Синот следниот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите, се наведува на сајтот на ЈО.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постоеа околности кои укажуваа на опасност од бегство. Така тој помина 8 дена во притвор.

Потоа се одржа судско рочиште, на коешто обвинетиот признал вина и добил условна казна, по што Обвинителството ја обжали ваквата пресуда. Никогаш немало предлог да се спогодат Обвинителството и обвинетиот, како што за „Вистиномер“ потврдија оттаму.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумна невистина.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција