Немало важечка одлука кафетериите во Гостивар да работат на начин „Земи и оди”

Владата на Северна Македонија не донесе одлука кафетериите во Гостивар да работат на начин „Земи и оди“. Истото не би се случило ниту на 1 мај, а медиумите што така известиле, дезинформирале. Овој заклучок доаѓа од прегледот на известувањата на централната и локалната власт

 

принтскрин од целата вест

Линк до оригиналниот напис: „Во Гостивар од утре кафетериите ќе работат според моделот ’Земи и оди‘“   Në Gostivar që nesër kafeteritë fillojnë punë me modelin ‘Merr dhe shko’

Датум на објавување: 30.4.2020

Датум на рецензија: 30.4.2020

Рецензира: Фатбарда Цури

 

 

Наслов што дезинформира

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, на својата официјална страница на „Фејсбук“ објави дека Кризниот штаб го прифатил неговиот предлог кафетериите во Гостивар да почнат со работа во форма „Земи и оди“. Врз основа на таа објава, медиумите информираа „дека од 1 мај кафетериите во Гостивар ќе почнат со работа во форма ’Земи и оди‘“ и тоа токму со таков наслов.

„Од утре кафулињата во Гостивар ќе можат да им служат на своите клиенти на начинот ’Земи & оди‘, ова го најави градоначалникот на Гостивар во изјава дадена за медиумите. Кафеаните ќе бидат отворени до почетокот на полицискиот час“ – се наведува во статијата што ја разгледуваме.

Оваа информација беше дезинформација, поради фактот што предлогот, навистина поминал на Кризниот штаб, но не и на седница на Владата.

Дека одлуката на Кризниот штаб не е официјализирана, извести и Таравари, но исто така може да се дознае иод владините решенија, кои беа одобрени на 30 април, а кои не вклучуваат отворање на кафулињата во Гостивар.

„Почитувани гостиварци,
Иако денеска во групата на Кризниот штаб добивме информација дека кафетериите можат да работат по моделот земи и оди, сега гледам дека сè уште оваа одлука не е официјализирана. Затоа ве молам, уште овој викенд да бидеме трпеливи, додека ни стигне и писмено известување од централниот кризен штаб. Сè со цел, никој да нема никакви правни последици, ги молам сите кафетерии во градот Гостивар, утре да не почнат со работа, туку да ја причекаме одлуката и писмено да ни стигне до понеделник“, се вели во објавата на Таравари.

Прекршени новинарските принципи и манипулација со јавноста

Со објавувањето на овие информации, медиумот го прекршил основниот принцип на новинарството, во кој се вели дека „објавените информации мора да се засноваат на точни и потврдени извори“.

Ова значи дека пред да ја објави информацијата добиена од ФБ-статусот на Таравари, медиумот требало да ја провери информацијата и од друг извор.

Бидејќи информацијата се поврзува со вонредната состојба поради пандемијата на Ковид-19, може да се оцени дека медиумот ја изманипулирал јавноста користејќи го концептот „повик на авторитет“, опишан и во Прирачникот на „Критинк“. Ова се случува кога медиумите ги пласираат информациите во јавноста како точни, само затоа што се соопштени од некое службено лице.

Појаснувањето го дал и самиот Таравари. За да влезе во сила неговиот предлог, тој мора да се одобри во Владата, со прелиминарен предлог од Комисијата за заразни болести. Централните власти, да потсетиме, неколкупати соопштуваа дека нема да донесат одлуки што ќе важат за одредени општини, туку за целата држава.

 

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција