Неосновано се тврди дека ковид вакцините предизвикуваат спонтан абортус

Фото; pixabay.com

Не постојат докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат спонатни абортуси. Истражувањата покажуваат дека ковид вакцините не претставуваат никаков ризик за бремените жени и за нивниот плод. Центарот за контрола и превенција на болести на САД, Американскиот колеџ за гинекологија и акушерство и Асоцијацијата за мајчинско фетална медицина, препорачуваат вакцинација на бремените жени против ковид-19. И македонскиот Институт за јавно здравје, исто така, препорачува вакцинација на бремени жени

Не постојат докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат спонатни абортуси. Истражувањата покажуваат дека ковид вакцините не претставуваат никаков ризик за бремените жени и за нивниот плод. Центарот за контрола и превенција на болести на САД, Американскиот колеџ за гинекологија и акушерство и Асоцијацијата за мајчинско фетална медицина, препорачуваат вакцинација на бремените жени против ковид-19. И македонскиот Институт за јавно здравје, исто така, препорачува вакцинација на бремени жени

 

Пост на Фејсбук тврди дека вакцината против ковид-19 предизвикува спонтан абортус. Фактите говорат дека ова не е точно.

Ви треба абортус? Пробајте К*вид вакцина, се вели во објавата која ја анализираме.

Тврдењето дека ковид вакцините предизвикуваат абортус не се докажани и тие се дел од теориите на заговор кои ги шират антиваксерите. Како што „Вистиномер“ има веќе пишувано, во светот постои вообичаена стапка на спонтани абортуси. Тие се случуваат без или со вакцинација, односно независно од вакциналниот статус на жената. Вакви абортуси со дадената стапка во светот се случувале и пред да постои вакцина против ковид-19. Податоците на реномираната „Мајо клиника“ во САД укажуваат на тоа дека 10 до 20 проценти од познатите забременувања завршуваат со спонтан абортус.

Но, вистинските бројки се веројатно и повисоки, бидејќи многу спонтани абортуси се случуваат многу рано во бременоста, дури и пред да знаете дека сте бремена, пишува на веб страницата на „Мајо“ клиниката.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД, Американскиот колеџ за гинекологија и акушерство и Асоцијацијата за мајчинско фетална медицина, препорачуваат вакцинација на бремените жени против ковид-19.

Иако податоците се ограничени, сепак Центарот за контрола и превенција на болести на САД тврди дека научниците немаат пронајдено зголемен ризик од спонтани абортуси меѓу жените кои примиле мРНК вакцина во раната бременост или пред да забременат.

Анализа од август 2021 година од Центарот за контрола и превенција на болести разгледува 2.500 бремени жени кои примиле мРНК вакцина пред дваесеттата недела од бременоста. Истражувачите пронашле стапка на спонтани абортуси од 13 проценти, што е слично на очекуваната стапка на спонтани абортуси кај општата популација.

И македонскиот Институт за јавно здравје, исто така, препорачува вакцинација на бремени жени.

Вакцините против КОВИД-19 не предизвикуваат инфекција со КОВИД-19 кај луѓето, вклучувајќи ги бремените жени и нивните бебиња. Ниту една од вакцините за КОВИД –19 не содржи жив вирус и неможе никој да се разболи со КОВИД-19, вклучително и бремените жени и нивните бебиња. Раните податоци за безбедноста на  примањето на  вакцина против mRNA (Moderna или Pfizer-BioNTech) за  време на бременоста се смирувачки. Податоците од системите за  следење на безбедност не откриваат никакви грижи и сомнежи за жени кои примиле  вакцина против mRNA КОВИД -19 доцна во бременоста или за нивните бебиња. Научниците не откриле зголемен ризик за спонтан абортус кај жените кои примиле вакцина против mRNA КОВИД-19 непоосредно пред и за време на раната бременост (пред 20 -та недела од бременоста), наведува ИЈЗ.

Од сето ова можеме да заклучиме дека не постојат докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат спонатни абортуси. Истражувањата покажуваат дека ковид вакцините не претставуваат никаков ризик за бремените жени и за нивниот плод. Оттука, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција