Неосновано се тврди дека мРНК вакцините предизвикуваат рак и дека Бил Гејтс сака да спроведе депопулација

Фото: Колаж Канва - World Economic Forum from Cologny, Switzerland, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Во објавата Бил Гејтс е претставен како „монструм“, затоа што ја поддржува и ја промовира вакцинацијата. Неспорен факт е дека вакцинацијата е најголема придобивка на медицината со која се искоренети многу смртоносни болести. Но, во објавата се изнесени куп невистини за тоа дека вакцините, особено мРНК вакцините какви што беа оние против ковид, се штетни и предизвикуваат рак и дека целта е со нив и со помош на вештачката интелигенција, да се изврши депопулација и контрола на човештвото. Објавата исто така сака да прикаже и дека ковид пандемијата не била реална, туку се направило „хистерија“ околу неа

Во објавата Бил Гејтс е претставен како „монструм“, затоа што ја поддржува и ја промовира вакцинацијата. Неспорен факт е дека вакцинацијата е најголема придобивка на медицината со која се искоренети многу смртоносни болести. Но, во објавата се изнесени куп невистини за тоа дека вакцините, особено мРНК вакцините какви што беа оние против ковид, се штетни и предизвикуваат рак и дека целта е со нив и со помош на вештачката интелигенција, да се изврши депопулација и контрола на човештвото. Објавата исто така сака да прикаже и дека ковид пандемијата не била реална, туку се направило „хистерија“ околу неа

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Документирани ФАКТИ !

Трамп / Путин партнерство со Бил Гејтс – монструмот.

> Трамп и Путин, како најголем приоритет ги имаат инвестициите во МРНА вакцини (под изговор за креирање на вакцини против РАК) и во Вештачката Интелегенција во пакет со инвестиции во Дигиталната Идентификација и Дигиталната Валута (комплетна контрола на луѓето како во Кина со Социјалниот Кредит Систем) .

> По средбата на Трамп и монструмот Бил Гејтс која траеше повеке од 3ч. Трамп не ги прифати двата кандидати на Роберт Кенеди за контрола на вакцини !

Трамп ги повлекува средствата од СЗО и ке инвестира во ГАВИ – Приватната организацијата на Бил Гејтс (Вакцинација) !

> Трамп и Путин кои МАСОВНО е промовираа ковид хистеријата и вакцинацијата а после која имаме енормно болни од рак, сега нудат вакцини против Рак и имаат одлична соработка со монструмот Бил Гејтс.

Во објавата Бил Гејтс е претставен како „монструм“, затоа што ја поддржува и ја промовира вакцинацијата.

Неспорен факт е дека вакцинацијата е најголема придобивка на медицината со која се искоренети многу смртоносни болести. Но, во објавата се изнесени куп невистини за тоа дека вакцините, особено мРНК вакцините какви што беа оние против ковид, се штетни и предизвикуваат рак и дека целта е со нив и со помош на вештачката интелигенција, да се изврши депопулација и контрола на човештвото. Објавата, исто така, сака да прикаже и дека ковид пандемијата не била реална, туку се направило „хистерија“ околу неа.

Објавата уште додава и дека aмериканскиот претседател Доналд Трамп се сретнал со Бил Гејтс и договорил дека ќе инвестира во ГАВИ – проект на фондацијата на Бил Гејтс за вакцинација, иако потврда за вакво нешто нема.

Изнесеното во објавата оди рака под рака со теориите на заговор кои ги шират заговорниците против пандемијата и вакцинацијата, оние кои тврдеа дека пандемијата била некаков измислен план на длабоката држава за депопулација, а вакцинацијата била проект за чипирање и контрола на луѓето.

Точно е дека на 20 јануари 2025 година, истиот ден кога положи заклетва на функцијата за неговиот втор мандат, Трамп потпиша извршна наредба со која иницира повлекување на Соединетите Држави од Светската здравствена организација (СЗО), поради поплаки дека агенцијата лошо управувала со пандемијата на ковид-19 и дека добива премногу средства од САД.

Точно е и дека Трамп се сретнал со Бил Гејтс, но на 17 јануари, пред да ја преземе официјално функцијата претстедател на САД. За средбата информирал Гејтс во интервју за Волстрит журнал, нагласувајќи дека бил импресиониран од интересот на Трамп за глобалното здравје, но никаде нема информација дека Трамп рекол оти ќе инвестира во ГАВИ.

Бил Гејтс се состана со новоизбраниот претседател Доналд Трамп повеќе од три часа и разговараше за глобалните здравствени проблеми, вклучително и напорите да се развие лек за ХИВ и да се бори против детската парализа во текот на следната администрација, пишува Fortune.com.

Ако Трамп одлучи во иднина да инвестира во Гави, за што засега нема потврда, тоа нема да значи никаква поддршка на „монструмот Гејст за убивање на луѓе“, како што тоа сака да го прикаже објавата.

Вакциналната алијанса ГАВИ не е „приватна организација на Бил Гејтс“. Иако Мелинда и Бил Гејтс Фондацијата ги обезбеди првичните средства во износ од 750 милиони долари за организацијата, основачи се и УНИЦЕФ, Светската банка и Светската здравствена организацација. ГАВИ има многу донатори (56 држави и 63 светски компании) и целта е собирање средства за вакцини за потребите на земјите со најноски приходи, кои сами не можат да ги обезбедат неопходните пари. Но, ако средствата се соберат заеднички, тогаш може да се пристапи пред производителите со големи нарачки со што се намалува единечната цена на вакцините. Од 2000-та година до денес, ГАВИ има помогнато да се вакцинираат над 981 милион деца, при што се спречени 16,2 милиони смртни случаи со што е преполовена смртноста кај децата во 73 земји со ниски приходи.

Дека нема никаков „план за депопулација“, како што невистинито сака да прикаже објавата што ја рецензираме, покажува и фактот што Обединетите нации во публикација од 2019 година наведуваат дека светската популација продолжува да расте со успорена стапка. Во 2019 година имало 7,7 милијарди луѓе во светот. До 2030 се проценува дека бројот ќе порасне на 8.5 милијарди, а до 2050 ќе порасне на 9,7 милијарди и 10,9 милијарди до 2100 година, се вели во извештајот на првата страница.

Според Ворлдометерс населението во светот расте со стапка од околу 0,85% годишно во 2025 година. Сегашниот пораст на населението се проценува на околу 70 милиони луѓе годишно.

Годишната стапка на раст го достигна својот врв во средината на 1960-тите, кога беше околу 2%. Оттогаш стапката на пораст е речиси преполовена и ќе продолжи да се намалува во наредните години. Според тоа, светската популација ќе продолжи да расте во 21 век, но со многу побавна стапка во споредба со неодамнешното минато. Светското население е двојно зголемено (100% зголемување) за 40 години од 1959 година (3 милијарди) до 1999 година (6 милијарди). Сега се проценува дека ќе се зголеми за 50% во следните 40 години, за да достигне 9 милијарди до 2037 година. Најновите проекции за светската популација покажуваат дека светската популација ќе достигне 10 милијарди луѓе во 2060 година и 10,2 милијарди во 2100 година, наведува Ворлдометерс.

Понатаму, објавата тврди дека мРНК вакцините против ковид предизвикувале рак, сакајќи на тој начин да ги оцрни и новите технологии за борба против ракот, што не е точно, ниту пак, е поткрепено со некакви факти и докази.

Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата.

Џон Свитенхам, директор за клинички работи на Универзитетот во Тексас, во центарот за канцер, вели дека во 2021 година има извештаи кои покажуваат раст во новите дијагнози за канцер, стапката е од 5 до 15 проценти.

Не сум видел податоци кои сугерираат раст на стапката од 300 проценти и нема докази дека растот во дијагнозите со канцер е некако поврзан со ковид вакцинацијата. Овој раст е поради тоа што многу луѓе го одложуваа скринингот за канцер или одредувањето на причините за симптомите поради тоа што се плашеа да посетат здравствени установи во екот на пандемијата, изјави Свитенхам за Франс прес на 6 декември 2022 година.

Според најпроминентниот центар за третирање на пациенти со канцер во Њујорк Сити, Memorial Sloan Kettering Cancer Center, тврдењето дека вакцините против ковид-19 може да предизвикаат канцер се мит.

Ниту една од вакцините нема интеракција и не го менува ДНК на човекот на ниеден начин и затоа не може да предизвика канцер, пишува на веб-страницата на оваа институција.

Големи студии покажаа дека пациентите со канцер имаат висок ризик за компликации од ковид-19.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата изнесува паушални тврдења кои не се поткрепени со никакви докази, а во неа има и најави и предвидувања за во иднина кои не можеме да ги оцениме. Но она што можеме да го оцениме како неточно е дека ковид вакцините не предизвикуваат рак, дека немало никаков план за депопулација со ковид пандемијата и дека Бил Гејтс не е  креатор на тој план. Поради сето тоа објавата ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција