Непоткрепени и несоодветни обвинувања за пироманство и некрофилство
За да ги употреби овие термини, особено обвинувањето за пироманство, владејачката партија треба да поседува цврсти докази, кои во овој случај би требало да бидат поткрепени најмалку со судски прифатен обвинителен акт во кој јасно се наведува и се поткрепуваа со факти дека тие и тие лица потпалувале пожари по налог на партијата СДСМ или по налог на раководни лица од партијата, без оглед дали самите потпалувачи имаат психички нарушувања или пак тоа го прават од криминални, политички побуди
За да ги употреби овие термини, особено обвинувањето за пироманство, владејачката партија треба да поседува цврсти докази, кои во овој случај би требало да бидат поткрепени најмалку со судски прифатен обвинителен акт во кој јасно се наведува и се поткрепуваа со факти дека тие и тие лица потпалувале пожари по налог на партијата СДСМ или по налог на раководни лица од партијата, без оглед дали самите потпалувачи имаат психички нарушувања или пак тоа го прават од криминални, политички побуди
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение издадено во врска со пожарите комуницира со јавноста со обвинувачки речник кон опозициската СДСМ, притоа неизнесувајќи ниту еден потврден факт:
Пироманската и некрофилската СДС сака да создаде некаква паника и хистерија помеѓу народот и дава се од себе да направи некаква слика дека Владата не се справува со пожарите, нешто во кое што никој не им верува…
СДС тоне во својата безидејност и немајќи како да докажат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се справува со пожарите, користат слики од пожари во Шпанија за да пробаат некако да си ја потврдат тезата…
…Прашањето е, дали СДС со ова сака да го покрие сомнежот дека лица блиски до нив имаат некакво учество во подметнувањето на пожарите, кои за среќа веднаш се локализираат, ставаат под контрола и гасат.
[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Дали пироманите и некрофилите…; Датум – 28.07.2025]
Образложение:
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ комуницирајќи со јавноста со термините „пироманската и некрофилската СДСМ“, во соопштение во кое партијата возвраќа на соопштение на СДСМ за неспособноста на власта, употреби термини зад кои нема потврдени факти, т.е. говори невистина.
Освен ако не се фигуративно употребени, термините се несоодветни. Пироманската, значи дека партијата или повеќе раководни лица во партијата поради психичко нарушување постојано потпалува(ат) пожари низ државата. Дури и ако го употребиме значењето од дигиталните речници на македонски јазик дека пироман значи само потпалувач на пожари, тоа би значело дека СДСМ организирано ги потпалува пожарите во државата. Од владејачката партија досега излегоа со вакви полутврдења и сомнежи за големиот пожар што беше во околината на Скопје во Општината Чучер-Сандево пред неколку недели, па потоа малку ја спуштија топката во јавната комуникација.
Терминот некрофилија пак, е уште понесоодветен во врска со пожарите, дури и да е употребен во смисла на политичка некрофилија во која нема сексуална конотација, туку само идолопоклонство кон политички величини кои веќе не се живи.
За да ги употреби овие термини, особено обвинувањето за пироманство, владејачката партија треба да поседува цврсти докази, кои во овој случај би требало да бидат поткрепени најмалку со судски прифатен обвинителен акт во кој јасно се наведува и се поткрепуваа со факти дека тие и тие лица потпалувале пожари по налог на партијата СДСМ или по налог на раководни лица од партијата, без оглед дали самите потпалувачи имаат психички нарушувања или пак тоа го прават од криминални, политички побуди. Сè додека нема такви судски случаи, барем на ниво на завршена истрага и обвинителни акти, ВМРО-ДПМНЕ употребува невистина во својата комуникација со јавноста.
Ова што денеска, 29.07.2025 г. се појавува во јавноста како уапсено лице А.Н. идентификувано како телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев, а поради основано сомнение за подметнување пожар во струмичко, е несоодветна и недоволна поткрепа да се употреби изразот пироманска за целата опозициска партија, а покрај тоа веста е објавена 24 часа по соопштението кое е предмет на оваа рецензија. Уште повеќе, Заев по ваквите информиции за Фокус демантираше дека уапсеното лице било негов телохрантиел или шофер, како што некои медиуми известија, туку дека едноставно работел на портирница во Општината и бил „возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности“. Тој додаде и дека го нема видено уште од времето кога му завршил мандатот како градоначалник на Струмица.
Впрочем, во екот на сезоната на пожарите, кога има и по десетици активни пожари во земјата и кога пожарникарите и граѓаните секојдневно се под ризик за своите животи и здравје, најмалку што ѝ е потребно на јавноста е препукувања со вакви термини или со несоодветни и неточни факти, од која било политичка партија. Партиите може да се критикуваат или да си возвраќаат со аргументи во дебата, а не со невистини.
Поради погоре појаснетите аргументи, тврдењето во комуникацискиот став на ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ како пироманска и некрофилска партија може да се оценат како невистина.
Извор:
- (28.07.2025 г.) – ВМРО-ДПМНЕ – Соопштение – [Проверено на 29.07.2025 г.]
- (29.07.2025 г.) – Пресингтв.мк – Уапсен поранешниот… – [Проверено на 29.07.2025 г.]
- (28.07.2025 г.) – Вистиномер – Во земјава не изгореле 20 посто...– [Проверено на 29.07.2025 г.]
Оцени: Теофил Блажевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар