„Нептун“ не подарува лаптоп за 124 денари

Веб-страницата на која се пренасочени корисниците на социјалната мрежа Фејсбук го содржи логото на продавницата за бела техника „Нептун“, но не му припаѓа на „Нептун“. Таа е измамничка и ги манипулира граѓаните дека наводно за само 124 денари ќе добијат лаптопи доколку одговорат на неколку прашања. Секогаш кога при учество во таканаречена наградна игра, нема официјални услови од организаторот и кога таа се споделува од сајтови што не се официјални, тоа е црвен аларм дека станува збор за измама

Веб-страницата на која се пренасочени корисниците на социјалната мрежа Фејсбук го содржи логото на продавницата за бела техника „Нептун“, но не му припаѓа на „Нептун“. Таа е измамничка и ги манипулира граѓаните дека наводно за само 124 денари ќе добијат лаптопи доколку одговорат на неколку прашања. Секогаш кога при учество во таканаречена наградна игра, нема официјални услови од организаторот и кога таа се споделува од сајтови што не се официјални, тоа е црвен аларм дека станува збор за измама

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Нептун подарува HP лаптопи кои се во склад повеќе од 2 години за да ослободи простор во магацинот за нови модели.

Кликнете подолу за да дознаете како можете да го набавите вашиот лаптоп.

Во склоп на објавата се поставени фотографии од залихи со лаптопи марка „ХП“, а под нив граѓаните се упатени да кликнат на копче „дознај повеќе“.

Веб-страницата на која се пренасочени корисниците на социјалната мрежа Фејсбук го содржи логото на продавницата за бела техника „Нептун“.

Тука ќе добиете наводно некаква понуда на лаптоп кој од 36.300 денари е намален на 124 денари.

Учествувате во промоција на Neptun. Laptop HP Pavilion 15 може да биде ваш за само 123.99 ден! За да го добиете Laptop HP Pavilion 15, треба да одговорите на неколку прашања што ќе потврдат дека сте вистинска личност. Побрзајте, останаа само 78 производи!, е наведено на страницата.

Меѓутоа, таа страница не му припаѓа на „Нептун“, туку е измамничка и ги манипулира граѓаните дека наводно за само 124 денари ќе добијат лаптопи доколку одговорат на неколку прашања.

Прашањата се: „Дали некогаш сте купиле производи од ХП“, „Дали би ги препорачале нашите производи на вашите пријатели?“ и „Дали сте постари од 18 години?“.

Откако ќе се одговори на овие прашања следува потврда дека „е вистинска личност“ и е пренасочен кон екран на кој се гледаат повеќе кутии за подароци од кои треба да избира.

Откако ќе одберете еден од подароците, станувате „добитник на лаптопот“.

По ова ве информираат дека треба да платите за испорака на истиот.

Имено, се бара од корисникот на социјалната мрежа Фејсбук да ги остави сите свои лични и банкарски информации, со што тој станува жртва на фишинг, односно ги остава своите информации отворени за злоупотреба и празнење на неговата трансакциска сметка од страна на измамници. Сето ова се прави со дезинформирање дека на ваков начин плаќа 124 денари за испорака.

Бројни се црвените аларми кои сугерираат дека станува збор за измама во конкретната објава што ја анализираме. Најнапред, кога ќе се пристапи на веб-страницата за наводното учество во наградна игра, евидентно е дека нејзината адреса не е поврзана со „Нептун“, туку напротив нема никаква врска со оваа компанија. Исто така, текстот од објавата изобилува со печатни и граматички грешки кои сугерираат на тоа дека станува збор за лош превод и образец со кој се настапува пред граѓаните.

На веб-страницата и фејсбук-страницата на „Нептун“, не успеавме да најдеме објава за ваква наградна игра, односно никаде не најдовме лаптоп што се продава за 124 денари.

Секогаш кога при учество во таканаречена наградна игра, нема официјални услови од организаторот и кога таа се споделува од сајтови што не се официјални, тоа е црвен аларм дека станува збор за измама. Најголемиот показател дека се работи за измама, е тоа кога се бараат макар и мали суми на пари за некаква испорака на наградата што сте ја добиле. Вистиниските наградни игри немаат вакво обележје, туку на добитниците наградите им се доделуваат или јавно или бесплатно.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција