„Нептун“ не продава кафемат за 123 денари

На официјалната фејсбук-страница на „Нептун“никаде не можевме да најдеме објава за апарат за кафе кој чини 123 денари. На веб-страницата на „Нептун“, исто така не успеавме да пронајдеме апарат за кафе од марката Delonghi Magnifica S, прикажан во објавата што ја анализираме

Официјалната фејсбук-страница на „Нептун“ има 353 илјади следбеници и на неа секојдневно се објавуваат информации со понуди од компанијата. На оваа фејсбук-страница никаде не можевме да најдеме објава за апарат за кафе кој чини 123 денари. На веб-страницата на „Нептун“, исто така не успеавме да пронајдеме апарат за кафе од марката Delonghi Magnifica S, прикажан во објавата што ја анализираме

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Дали имате 44 години? Учествувајте во јубилејната промоција на Neptun и добијте шанса да освоите апарат за кафе Delonghi Magnifica S! Посетете ја веб-страницата за да дознаете повеќе детали.

Во склоп на објавата има и фотографија од девојка која покажува дека цената на апаратот за кафе изнесува 120 денари.

Објавата нуди линк на кој можете наводно да го порачате апаратот за кафе. На овој линк нема никакво објаснување, туку веднаш од вас се бара да внесете лични податоци, а потоа и вашата сметка за да платите 123 денари за нарачка на апаратот.

 

Фејсбук страницата што ја споделува објавата, нема никаква врска со „Нептун“ кој е познат бренд за бела техника во Македонија. Оваа фејсбук-страница има само 10 следбеници и ниту една објава.

За разлика од неа, официјалната фејсбук-страница на „Нептун“ има 353 илјади следбеници и на неа секојдневно се објавуваат информации со понуди од компанијата. На оваа фејсбук-страница никаде не можевме да најдеме објава за апарат за кафе кој чини 123 денари.

На веб-страницата на Нептун, исто така не успеавме да пронајдеме апарат за кафе од марката Delonghi Magnifica S, прикажан во објавата што ја анализираме.

Овој производ може да се најде на Амазон и тој чини од 400 до 600 долари.

Очигледно е дека објавата што ја анализираме е измамничка и истата има за цел да ја испразни вашата сметка. Поради сето ова ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција