Неточни информации за коронавирусот, вакцините и мерките за заштита од ковид

Фото: commons.wikimedia.org

Постот кој го рецензираме зборува за мерки во САД, кои што наводно биле укинати поради илјадниците тужби и тоа што дел од државите во САД го отфрлија задолжителното носење маски и вакцинацијата. Меѓутоа, Центарот за контрола и превенција на болести на САД уште во февруари годинава најави дека ја разгледува можноста да ги олабави јавноздравствените мерки поради тоа што хоспитализациите се намалувале а тоа го изјави портпаролката на Центарот, доктор Рашел Валенски. Според неа, токму хоспитализациите во САД се мерилото според кое се гледа дали пандемиските рестрикции треба да се засилат или олабават.

Постот кој го рецензираме зборува за мерки во САД, кои што наводно биле укинати поради илјадниците тужби и тоа што дел од тамошните сојузни држави го отфрлија задолжителното носење маски и вакцинацијата. Меѓутоа, Центарот за контрола и превенција на болести на САД уште во февруари годинава најави дека ја разгледува можноста да ги олабави јавно-здравствените мерки поради тоа што хоспитализациите се намалувале а тоа го изјави портпаролката на Центарот, доктор Рашел Валенски. Според неа, токму хоспитализациите во САД се мерилото според кое се гледа дали пандемиските рестрикции треба да се засилат или олабават.

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се изнесени неколку невистинити факти, меѓу кои тоа дека коронавирусот е труење, настинка, грип и пневмонија, дека ПЦР тестовите не служат за дијагноза, дека олабавувањето на мерките не е поради ослабен вирус, туку заради одлуките на судовите во САД кои ги отфрлиле маските и задолжителното вакцинирање. Во постот коронавирусот саркастично се нарекува „кромид“, што е метафора за лажна вест.

И така, драги мои, најопасниот „вирус“ до сега стана секојдневие и го сведоа на ниво на грип (што всушност и беше: настинка, грип, во потешки случаи пневмонија и слично, но и труење). Да не беа тестовите кои не служат за дијагноза, туку за истражувачки цели, ќе немаше ниту КРОМИД.
Да, телетабисите веруваат дека тоа е нормално, вирусот ослабел и сега ете, ќе го третираме како грип.
Но, олабавувањето на мерките не е заради „ослабен вирус“ и слично, туку заради одлуки на судовите кои го отфрлија маскирањето и задолжителното вакцинирање, како и поради десетиците илјади тужби.
Се прашувам дали КРОМИДОТ ќе добие почесно место и во Законот за заштита на население од заразни болести во Северџистан? И како ќе го третираат? Вакцинацијата ќе ја стават во член 33 кај другите „задолжителни“ вакцини или ќе има третман на грип, доброволна?
Она што мене ме интересира е: КАДЕ СЕ НАУЧНИТЕ ДОКАЗИ ЗА СЕТО ОВА?, пишува во постот што го рецензираме.

 

Постот кој го рецензираме зборува за мерки во САД, кои што наводно биле укинати поради илјадниците тужби и тоа што дел од државите во САД го отфрлија задолжителното носење маски и вакцинацијата. Меѓутоа, Центарот за контрола и превенција на болести на САД уште во февруари годинава најави дека ја разгледува можноста да ги олабави јавноздравствените мерки поради тоа што хоспитализациите се намалувале а тоа го изјави портпаролката на Центарот, доктор Рашел Валенски. Според неа, токму хоспитализациите во САД се мерилото според кое се гледа дали пандемиските рестрикции треба да се засилат или олабават.

Уште во февруари годинава ЦДЦ најави дека го разгледува своето упатство за носење маски со можност да ја олабави мерката.

И Њујорк Тајмс извести за ова, објаснувајќи дека новата метрика според која се одредува дали луѓето во одредена географска област се во висок ризик и треба да носат маски, ќе се однесува не на бројот на заболени со коронавирусот, туку на бројот на хоспитализирани во болниците како клучна мерка за ризик.

Поради фактот што болничките капацитети во САД се попразни, тоа им дозволува на мноштвото Американци да ги фрлат маските. 

Во постот што го рецензираме, се наведува дека мерките и за вакцинираните и за невакцинираните ќе бидат исти, ама се пропушта контекстот кога не се наведува дека тоа важи за САД и дека причината за тоа е фактот што 95 отсто од населението е вакцинирано или прележале ковид, што значи дека поголемиот дел од луѓето се заштитени.

Такви предиспозиции за висока заштита поради прележаност или вакцинација не постоеа во минатите бранови кога мерките беа построги и задолжително беше носење маски во сите затворени простории кои се јавни.

 

Вакцинцијата не е присилна

Наспроти наративот во постот дека вакцините биле  присилно наметнати врз граѓаните, такво нешто во С. Македонија не се случуваше. Секој своеволно одлучува дали и кога ќе се вакцинира, меѓутоа здравствените власти препорачуваат и вакцинација и бустер дози за да се освежува имуниот одговор во организмот. Уште на 14 јануари годинава во САД Врховниот суд го блокираше мандатот за вакцини кои се задолжителни и за задолжителни тестирања за ковид 19 за тие кои не сакаат да се вакцинираат.

А мерките на Центарот за контрола на превенција на болести се од 19 август 2022 година како што може да се види на следниот линк.

Затоа не може да се каже дека во 2022 година, во август месец Центарот за контрола и превенција на болести на САД ги олабавил мерките поради тужби, бидејќи задолжителните маски се отфрлени месеци претходно. Во САД задолжителната вакцинација е оспорена од Врховниот суд уште пред месеци. Сега Центарот за контрола и првенција на болести ги олабавува мерките поради тоа што се менува пандемиската слика, однсно карактеристиките на вирусот се поинакви отколку што беа на почетокот. Клучно е и тоа што мноштвото Американци се вакцинирани или прележале ковид 19 што дополнително ја прави епидемиолошката слика поволна да се олабават мерките.

Претставничката на Центарот за контрола и превенција на болести Грета Масети вели дека ЦДЦ знае дека ковид 19 е овде за да остане и дека иако пандемијата не е завршена, подготвен е теренот кога ковид 19 не е пречка за дневниот живот на луѓето повеќе.

Дури и во самиот обновен правилник на Центарот за контрола и превенција на болести каде фокусот е ставен на индивидуалниот ризик јасно пишува дека причината за тоа мерките да се олабават е медицината базирана на докази која еволуира.

Јавно-здравствените препораки на Центарот за контрола и првенција на болести се менуваат како одговор на еволуирачката наука, достапноста на биомедицински и јавни здравствени алатки, како и промени во контекстот, како на пример високи нивоа на имунитет кај популацијата и моменталните варијанти кои циркулираат. ЦДЦ препорачува стратешки пристап за да се намали импактот на Ковид 19 кој се потпиран а вакцинација и терапевтски средства за да се спречи сериозна болест, употреба на превентивни мерки како и особен фокус на заштита на лицата кои се во висок ризик од сериозна болест. Треба да се рашират што повеќе вакцинацијата, како и профилакса за имунокомпромирани лица, антивирални лекови и терапевтски моноклонални антитела за да се намали ризикот од сериозна болест и смрт, пишува во најновите упатства од Центарот за контрола и превенција на болести.

Во текстот на новото упатство пишува и дека иако ковид 19 останува јавноздравствена закана, високите нивоа на имунитет поради вакцинација или инфекција, како и достапноста на медицински интервенции и лекови многу го имаат намалено ризикот од медицински значајна болест, хоспитализација и смрт од ковид 19.

Не е точно изнесеното во постот дека коронавирусот е труење а не вирус.

Ковид-19 постои и е реален. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Самата Светска здравствена организација (СЗО) потврдува дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година.

Ковид-19 или SARS- CoV-2, претставува дефиниран вирус. Tој според својата геномска структура припаѓа на родот бета-корона вируси. Сите хумани бета-корона вируси (SARS-CoV-2, SARS-CoV, и MERS-CoV) имаат слични карактеристики, но имаат разлики во нивната геномска и фенотипска структура, што ја менува патогенезата, односно симптомите и знаците на заболувањето, како и неговата сериозност.

Постојат повеќе извори и научни студии кои докажуваат дека вирусот SARS-CoV-2 e изолиран, но исто така е направено и комплетно секвенционирање на геномот на вирусот. Тоа значи дека комплетниот генетски материјал на вирусот причинител на ова заболување е изолиран од назофаринксот на пациент и е докажано неговото постоење, како и неговиот уникатен генетски материјал кој тој го содржи.

Со досегашните пронајдени вакцини против многу болести, спречени се голем број на епидемии и искоренети се опасни заразни болести, со што се спасени и се спасуваат многу животи. Здравствените експерти, пак, постојано упатуваат на придобивките и безбедноста на  вакцините, наспроти огромните ризици од корона вирусот.

Понатаму во постот што го рецензираме невистинито се тврди дека ако немаше тестови (се мисли на ПЦР тестовите за кои се вели дека не служат за дијагноза на ковид), немало да има ни ковид. Но, ПЦР тестот регистрира само коронавирус, а не вирус што е причинител на настинка или грип.

 

Ковид-19 не е обичен грип

Не е вистина дека коронавирусот е обичен грип.Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека грип и ковид се една иста работа, како што лажно се тврди во постот.

Според Центарот за јавно здравје – Скопје, грип (инфлуенца) е заразна респираторна болест предизвикана од вирусот на грип.

Може да предизвика блага до тешка болест, а понекогаш може да доведе и до смрт. Грипот е различен од настинка. Грип обично доаѓа наеднаш. Луѓето кои се болни од грип често чувствуваат некои или сите од овие симптоми: треска, кашлица, воспалено грло, затнат нос, болки во телото и мускулите, главоболки и замор, во некои случаи дијареа (кај децата).

Повеќето луѓе кои добиваат грип ќе закрепнат за неколку дена или најмногу до две недели, но некои луѓе ќе развијат компликации (како што се пневмонија) како резултат на грип, од нив некои може да бидат опасни по живот и да резултираат и со смрт, пишува на веб-страницата на Центарот за јавно здравје – Скопје.

Во оваа информација уште се посочува дека секој може да се разболи од грип (дури и здрави луѓе). Исто така, се напоменува дека:

Сериозни проблеми поврзани со грип може да се случат на која било возраст, но некои луѓе се изложени на висок ризик да развијат сериозни компликации поврзани со грип, ако се разболат. Ова ги вклучува луѓето на возраст од 65 години и постари лица, лица од било која возраст со одредени хронични медицински состојби (како што се астма, дијабетес или срцеви заболувања), бремени жени и деца помлади од 5 години, но особено оние помлади од 2 години.

Разликата меѓу ковид-19 и грипот, според Мајо клиниката, е што двете состојби се предизвикани од различни вируси. Ковид-19 е предизвикан од коронавирусот, а инфлуенцата од Инфлуенца А или Б вирусите. Како што пишува на веб-страницата на Мајо клиниката, со ковид-19 може да се случи симптомот губење на мирис и вкус. Различно е и што симптомите кај ковид генерално се појавуваат два до 14 дена по изложеноста на вирусот, а кај грипот се појавуваат од 1 до 4 дена по изложеноста на вирусот предизвикувач на грип. Исто така, ковид-19 се шири побрзо од грипот, односно е поконтагенозен. Стапката на смртност кај ковид е повисока, отколку кај грипот.

Во 2020 година и во 2021 година  во САД од ковид починале 580 илјади луѓе. Во 2019/2020 година во сезоната на грипот, од грип во САД починале 22 илјади луѓе.

ПЦР тестот за ковид не детектира грип туку коронавирус. Како што е објаснето на веб-страницата на Центарот за јавно здравје – Скопје, методот според кој се докажува присуство на вирусот во примерокот од пациентот се одвива во 2 чекори.

Првиот чекор е автоматска екстракција на RNA со помош на автоматски екстрактор од вирусот на принцип на современ метод со магнетнипартикули, кој овоможува екстракција на високо квалитетна вирална нуклеинска киселина.

Вториот чекор е мултипликација на изолираната вирусна RNA и специфична детекција на вирусот во примерокот според присуство на специфични за Сарс Ков 2  таргет гени (N и Е гени). Овие гени се гени за структурни протеини кои се во состав на градбата на вирусот и се строго специфични само за Сарс Ков 2 вирусот од фамилијата на САРС вируси. Овој метод овозможува детекција на вирусот со висока сентизтивност и го детектира вирусот во пациент кога е присутен со минимум 10 копии од генот.

Погорниот пасус објаснет со едноставна терминологија, всушност значи дека ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Тие се единствено присутни во градбата на Сарс Ков 2 вирусот.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека коронавирусот е обичен грип и труење,  дека ПЦР тестовите не детектираат коронавирус,  дека мерките се полабави во САД поради одлуки на судови кои отфрлиле маски и задолжително вакцинирање. Мерките се поблаги зашто има мала оптовареност на болничките капацитети, има дел од населението кое е вакцинирано и дел кое е прележано. Не е точно ниту тврдењето дека ковид е „кромид“, односно лажна вест. Што се однесува пак до делот од постот кој го рецензираме во кој се поставува дилемата дали вакцинацијата против ковид 19 во Македонија ќе влезе во задолжителните вакцини, таква дилема не е поставена од здравствените власти односно не е ниту начнато тоа прашање. Вакцинацијата во Северна Македонија и покрај обидот да се наметне лажна дилема, уште е и ќе биде доброволна, базирана на лична одлука со информирана согласност и нема иницијативи да се променат било какви законски регулативи за да се направи задолжителна.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција