Неточно е дека жител на Кочани за струја треба да плати над 450 илјади денари

Фото: Принтскрин

Вистиномер за овој случај се обрати до ЕВН, од каде појаснија дека корисникот реагирал по добиената нелогична сметка, по што му била пратена коригирана сметка откако било прочитано броилото. Новата сметка која што беше доставена до Вистиномер од страна на ЕВН, изнесува 2,036 денари

Вистиномер за овој случај се обрати до ЕВН, од каде појаснија дека корисникот реагирал по добиената нелогична сметка, по што му била пратена коригирана сметка откако било прочитано броилото. Новата сметка која што беше доставена до Вистиномер од страна на ЕВН, изнесува 2,036 денари

 

 

Рецензизраме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

02.09.2022 Жител на Кочани, на својот ФБ профил објави дел од сметката за струја (веројатно по индустриска цена) во која за потрошена електрична енергија треба да плати 71.000 денари, а за пренос и дистрибуција неверојтни 384.509,32 денари. Друштво погледнете ја сметката за струја, потрошени електрична енергија во вредност од 71.231 денар, а надомест за пренос и дистрибуција 384.509 денари!!! Ваква кражба може да ја има само со согласност од власта, и трпете си, ќутете си, па и на ваша глава ке дојде таква сметка после ќе се чудите кој ќе ви помогне!!! П.С ако сакате да спиете мирно, време е да се разбудите од 30 годишниот сон!!!, се вели во постот.

Во состав на постот споделена е и фотографија од исечок од сметка за струја меѓутоа без никакви податоци за корисникот, име, презиме, адреса или град. Вистиномер се обрати во ЕВН за да добие објаснување за тоа дали сметката која е објавена е веродостојна.

Од ЕВН велат дека сметката објавена во постот што го рецензираме, била коригирана откако од компанијата го прочитале броилото на корисникот.

Очигледно дадени се погрешни бројки, па системот пресметал по пријавената состојба. По добиената нелогична сметка корисникот реагирал, по што пратена му е коригирана сметка по прочитаното броило од наша страна, велат од ЕВН за Вистиномер.

Оттаму ни ја испратија и новата сметка според која корисникот од Кочани кој се споменува во постот што го рецензираме, наместо 71 илјади денари за потрошена електрична енергија и 384.509 денари за пренос на електрична енергија, сега треба да плати 830,29 денари за надомест за потрошена електрична енергија и 933,64 денари за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Пресметаниот ДДВ во сметката е 88,20 денари а комуналната такса за јавно осветлување е 184 денари.

Па така, крајната сметка што овој корисник ќе ја плати и која што му е доставена, откако ЕВН го прочитале броилото од нивна страна е 2,036 денари.

Коригираната сметка која ЕВН ја достави до Вистиномер

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како објава во која се пропушта контекстот. Првичната сметка е резултат на системска грешка предизвикана од неточно пријавена состојба на броилото која, откако е проверена, е коригирана и испратена е нова, многу пониска сметка за електрична енергија.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција