Невиден спин – ВМРО-ДПМНЕ вели: „Местото на криминалците не им е во политиката, туку во Идризово!“

Сосема исправна е логиката дека: Местото на криминалците не им е во политиката, туку во Идризово.“ Проблемот е што тоа го порачува партијата која десет години е на власт и која сега повикува да се казни криминалот, ама оној на опозицијата! Проблем, и тоа каков, е кога ваков повик испраќа партијата чие практицирање на власта, според извештаи на меѓународни институции, е обележано со огромна корупција, попречување на владеењето на правото и неказнување на криминалот

 

 

Сосема исправна е логиката дека: „Местото на криминалците не им е во политиката, туку во Идризово.“ Проблемот е што тоа го порачува партијата која десет години е на власт и која сега  повикува да се казни криминалот, ама оној на опозицијата! Проблем, и тоа каков, е кога ваков повик испраќа партијата чие практицирање на власта, според извештаи на меѓународни институции, е обележано со огромна корупција, попречување на владеењето на правото и неказнување на криминалот

 

 

Пишува: Оливера Војновска

 

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ  деновиве (на 21.02 2017 и 22.02.2017 година) зборувајќи на тема „криминал“ меѓу другото, ја испрати следната порака во која има такво извртување на вистината:

Спин: Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово. Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ, веб, датум: 21.02.2017 и 22.02.2017]

Kontraspin-foto-Vistinomer-1024x281

Контраспин: Ваквата изјава од партијата на чие чело е Никола Груевски, соопштена двапати за два дена, најпрвин од прес-конференцијата на младиот Орце Ѓорѓиевски, а потоа и преку партиско соопштение,  претставува едно ново и невидено ниво на политичко спинување. А еве и зошто.

Сосема исправна е логиката дека: Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово. И, тука, апсолутно, нема ништо спорно. Проблемот е што тоа го порачува партијата која десет години е на власт и која сега кога се во тек преговорите за составување на нова влада (меѓу СДСМ и партиите од албанскиот блок), повикува да се казни криминалот, ама оној на опозицијата! Проблем и тоа каков, кога ваков повик испраќа партијата чие десетгодишно практицирање на власта, според извештаи на меѓународни институции, е обележано со огромна корупција, попречување на владеењето на правото и неказнување на криминалот. За тоа каков систем на владеење на правото (а и воопшто) во изминатава една деценија доволно е да се погледне последниот Извештај на  Европската комисија за напредокот на Макединија (2016), како и последниот Извештај на „Транспаренси интернешнл“ кој  ја сместува Македонија меѓу земјите со високо ниво на корупција.

 

ЗА КРИМИНАЛОТ, АМА, ВО ТУЃИТЕ ДВОРОВИ

Во Извештајот на ЕК за напредокот на Макединија (2016), меѓу другото, се наведени  бројни забелешки за борбата против корупцијата, при што се оценува дека таа во нашата држава е високо распространета:

Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да биде сериозен проблем. Законодавната и институционалната рамка е развиена. Сепак, структурните недостатоци на Државната комисија за спречување на корупцијата и мешањето на политиката во нејзината работа ги минимизираа ефектите од претходниот труд на ова поле. Се уште има потреба да се покаже убедлив напредок, особено кога станува збор за случаи на висока корупција.

Такви се и оценките за борбата против организираниот криминал, каде се констатира дека: Капацитетот на институциите за спроведување на законот, во однос на финансиските истраги, како и за конфискација на имотот, треба и натаму да се развиваат.

Во овој Извештај за напредокот на Македонија, исто така, е забележано  дека:

Работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува во практика да биде попречувана, а Кривичниот суд редовно одбива да одреди истражни мерки (притвори, мерки на претпазливост, н.з.) што ги бара СЈО како дел од истрагите што ги води

За тоа дали и колку ВМРО-ДПМНЕ има право да зборува за криминалот и да го бара по „туѓите дворови“, доволно сликовито покажуваат прислушуваните разговори, кои според опозицијата, откриваат дека во криминални и коруптивни активности се инволвирани високи функционери од владејачката партија. И токму врз основа на овие снимки СЈО отвори повеќе случаи за „тежок криминал, корупција и изборни измами“. А, за тоа каков е односот на ВМРО-ДПМНЕ кон СЈО говори нивната опседантост со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и критиките кои речиси секојдневно ги упатуваат на нејзината адреса и на СЈО. Само за 45 дена  (од 01.01.2017 до 15.02.2017) ВМРО-ДПМНЕ имала 17 соопштенија или прес конференции посветени на СЈО и на  Јанева!

 

„ФАТЕТЕ ГО КРАДЕЦОТ“!

Што се однесува до Извештајот  на „Транспаренси интернешенел“ за нивото на корупција во 176 земји во светот, тој покажува дека Македонија има историски и глобално најголем пад на ранг-листата на Индексот за перцепција на корупцијата.

Паѓајќи за пет места во однос на минатата година, Македонија е 90-та според Индексот на корупција, а зад нас (од балканските држави) е само Косово, кое е на 95-то место.

Македонија во 2016 година се најде на 90. место со 37 поени, што е пад од 24 места за разлика од 2015 година, кога била на 66 место според Индексот за перцепција на корупцијата. Земјата го има еден од најниските резултатите на европскиот континент. Во однос на минатата година, Македонија има пад од 5 поени на листата на „ТИ“, а во регионот, зад нас е само Косово, кое се наоѓа на 95-тото место со 36 поени.

Така што, имајќи ги предвид ваквите оценки, прозивките на ВМРО-ДПМНЕ дека најголемата опозициска партија е „дувло и синоним за криминалот“ немаат никаква врска со објективната реалност. Истовремено, кога ВМРО-ДПМНЕ кажува дека: „Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово“, тоа потсетува на народната приказна во која крадецот фатен во кражба вели: „Фатете го крадецот“!

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција