Невистина околу петицијата за излез на Турција од НАТО
Проруска страница на Фејсбук навивачки јавува дека собранието на Турција почнало постапка за собирање на потписи за излез на земјата од НАТО. Но, таа петиција ја покрена една организација, чиј назив го содржи зборот „собрание“, а тоа не е реалното собрание. Навистина, кога ќе заврши собирањето на потписите, петицијата ќе му се упати нему, но нема индиции дека собранието на кој било начин сега се бави со неа, ниту дека ќе ја прифати и оствари
Проруска страница на Фејсбук навивачки јавува дека собранието на Турција почнало постапка за собирање на потписи за излез на земјата од НАТО. Но, таа петиција ја покрена една организација, чиј назив го содржи зборот „собрание“, а тоа не е реалното собрание. Навистина, кога ќе заврши собирањето на потписите, петицијата ќе му се упати нему, но нема индиции дека собранието на кој било начин сега се бави со неа, ниту дека ќе ја прифати и оствари
Објава во социјалната мрежа Фејсбук вели:
Ајде аирлија!
Во турското национално собрание започна постапката за собирање на потписи за излез на Турција од НАТО.
Ова создава лажен впечаток дека настанот се случил во Големото национално собрание на Турција (тур. Türkiye Büyük Millet Meclisi, накусо: TBMM), неформално познато како парламент на Турција, но тој нема многу врска со овој настан.
Петиција за излез од НАТО е навистина покрената, но не во собранието, туку од страна на една организација, чиј назив го содржи зборот „собрание“. Тоа е т.н. Собрание на народните претставници на Турција (тур. Türkiye Halk Temsilcileri Meclisi, накусо: THTM), создадено од Комунистичката партија на Турција (тур. Türkiye Komünist Partisi, накусо: TKP).
Во коментар под објавата, авторот навел извор за она што го вели во неа, но го извитоперува она што го вели изворот. Тој барем бил чесен и го навел тоа „собрание“ во наводници, за да не дојде до збрка со она вистинското. Тоа е инаку не баш релевантен извор, а ако во Турција се прават сериозни чекори за излез од НАТО, за тоа би ечеле сите светски медиуми, но такво нешто нема.
Тоа „собрание“ е друштво на прокомунистички интелектуалци од Турција и тоа не е орган на нејзината власт. Што е за право, по собирањето на потписите, петицијата ќе му се упати на собранието (она вистинското), но на неговиот сајт и во социјалните мрежи нема индиции дека собранието на кој било начин сега се бави со петицијата, ниту дека ќе ја прифати и оствари.
Инаку, Турција влегла во НАТО во 1952 г. кога во земјата доминирала секуларната идеологија на кемализмот. Земјата тогаш била битна за НАТО, затоа што се граничела со неговиот главен ривал СССР. Откако во соседните земји на Турција: Сирија, Ирак и Иран биле воспоставени режими, кои биле непријателски настроени кон Западот, таа станала уште поважна за НАТО. Таа стана особено важна заради војните во тие соседни земји во поблиското минато. Ете затоа чекорите за излез на Турција од НАТО би добиле многу поголем публицитет од овој што го гледаме тука.
Навистина, откако со Турција раководи Реџеп Таип Ердоган, таа води политика која става акцент на исламот и која се коси со онаа на остатокот од НАТО (на пр. Турција комуницира со Русија и Хамас и му се заканува на Израел), но сериозна решеност на Турците за излез од НАТО, сепак нема.
Објективно, среде нив има и такви кои се против НАТО. Некои од нив се комунисти, кои го отфрлаат НАТО како империјалистичка организација и потсетуваат дека Турција порано страдала под десничарски диктатури. Други, пак, се исламисти и сметаат дека Западот лошо се однесува кон Исламскиот свет. Но, турските власти демантираат можност за излез од НАТО, што го потврдува и ТАСС, најмоќниот медиум на Русија, иако нејзе би ѝ одговарало Турција да излезе од НАТО.
Комунистичката партија на Турција е слаба и нема пратеници, па колку успешна ќе биде петицијата е под знак прашалник. Такви низ светот излегуваат секојдневно и не се некоја вест, па и на Запад има собирање потписи за набркување на Турција од НАТО (примери: тука и тука), но тоа е слабо.
На крај заклучуваме дека тука нешто навистина се случило, т.е. петиција за излез на Турција од НАТО навистина е покрената, само објавата тоа погрешно го опишува, па оценуваме дека таа е делумно невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар