Невистини за ЕУ, НАТО и Американската амбасада во пресрет на 8 Септември
Во објавата, покрај невистините, се користи и навредлив говор од најдолен вид кон Американската амбасада и се дезинформира дека таа, а во поширока смисла и самите САД се газди на македонските домашни процеси, што е далеку од вистината. Амбасадата на САД досега во дезинформациски наративи беше обвинувана и за тоа дека наводно учествувала во внатрешни кривично-правни настани, без никаква основа и сосема клеветнички
Во објавата, покрај невистините, се користи и навредлив говор од најдолен вид кон Американската амбасада и се дезинформира дека таа, а во поширока смисла и самите САД се газди на македонските домашни процеси, што е далеку од вистината. Амбасадата на САД досега во дезинформациски наративи беше обвинувана и за тоа дека наводно учествувала во внатрешни кривично-правни настани, без никаква основа и сосема клеветнички
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Која независност славите бе торковци кога онаа транвеститка од Кале ви е газдарица? Честитам 30 години зависност од сатанско НАТО и педофилска ЕУ на робовите од територијата северна вукојебина наречена Северџанија. Славите независност, која независност ве е спопала бе робови пред очи ви ја направија Северџанија. Ве избришаа од постоењето а вие драмевте на ФБ и сега викате да живее независна. Има ли некој од вас нормален?
Да, НАТО е алијанса на западните земји. Да, со исклучок на секуларна муслиманска Турција, НАТО е претежно алијанса на христијански земји. Секој декември НАТО во Брисел е осветлен со голема божиќна елка. Но, вредностите за кои се залага НАТО не се уникатно христијански. Вредностите што ги промовираме и браниме со нашиот ангажман се универзални. Правото на жените да одат во училиште е универзално право. Правото да ја изберете религијата во која ќе верувата и да не треба да се плашите од смртна казна поради изборот, е универзално право. Правото да ја изберете вашата демократска влада на слободни и фер избори е универзално право. Овие се вредностите што ги браниме од Балканот до Авганистан. За нив нема преговори. Но тие не се уникатно западни и не се уникатно христијански. Навистина верувам дека земјите од сите делови на светот и од сите поголеми вери, треба да се способни да се согласат за нив. Тие се вистинската основа за човековиот опстанок во 21 век, вели тој меѓу другото во говорот.
Според конвенцијата за заштита на правата на децата, во 34 точка се наведува тоа дека владите мора да ги заштитуваат децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, вклучително и од луѓе кои ги принудуваат децата да имаат секс за пари, или ги фотографираат на неприкладен начин или ги снимаат. Детската порнографија се казнува и е кривично дело во цела Европа. Не постои ниту приближна иницијатива во ЕУ да се легализира педофилијата која се смета за кривично дело. Директивата за борба против сексуалната злоупотреба и сексуалната експлоатација на децата и против детска порнографија, е само еден документ кој ја претставува непоколебливата борба на ЕУ против криминалот со педофилијата.
На 27 март 2020 година, Северна Македонија стана триесетта земја членка на Алијансата. Определбата за евроатлантско интегрирање на земјата датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ. Пристапот кон НАТО не е окупација, бидејќи НАТО сојузниците и членките на ЕУ ги делат истите вредности. НАТО и ЕУ играат комплементарна, кохерентна и меѓусебно зајакнувачка улога во поддршката на меѓународниот мир и безбедност. С. Македонија целосно го поддржува унапредувањето на стратешкото партнерство НАТО-ЕУ, зајакнатите политички консултации и зголемената соработка за прашања од заеднички интерес, како што се воената мобилност, отпорноста, влијанието на климатските промени врз безбедноста, новите и нарушувачки технологии, човековата безбедност, агендата за жени, мир и безбедност, како и борба против сајбер и хибридни закани.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар