Невистинит цитат на Гадафи се споделува како вистина
Точно е дека Гадафи шпекулирал за создавање вируси и ја изразил својата загриженост за продажбата на вакцини. Но, тој не рекол конкретно „тие сами ќе го создадат вирусот, а потоа ќе ги продаваат вакцините, преправајќи се дека ќе одвојат време да го пронајдат решението иако веќе го имаат“, како што се тврди во објавата што ја анализираме.
Точно е дека Гадафи шпекулирал за создавање вируси и ја изразил својата загриженост за продажбата на вакцини. Но, тој не рекол конкретно „тие сами ќе го создадат вирусот, а потоа ќе ги продаваат вакцините, преправајќи се дека ќе одвојат време да го пронајдат решението иако веќе го имаат“, како што се тврди во објавата што ја анализираме
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која пренесува наводен цитат на поранешниот либиски водач Муамер Гадафи (или ал Гадафи).
Тие сами ќе го создадат вирусот и ќе ви продадат вакцини. После тоа, ќе се преправаат дека им треба време да најдат решение, иако веќе го имаат.
Мохамед Гадафи (Собрание на Обединетите нации, 2009).
Муамер (а не Мохамед) Гадафи беше либиски диктатор кој владееше од 1969 до 2011 година. Во 2011 година, за време на поширокото движење Арапска пролет, тој одби да ја предаде власта за време на јавните протести. Ова доведе до избувнување на граѓанска војна. Гадафи беше застрелан во октомври 2011 година.
Говорот на Гадафи на 64. Генерално собрание на Обединетите нации на 23 септември 2009 година беше првпат тој да се обрати пред членовите на ОН по четири децении.
Во говорот, кој траеше околу 90 минути, тој повика на реформа на Советот за безбедност, еден од шесте главни органи на ОН.
По околу 87 минути, тој зборуваше за вируси.
Денес има свински грип. Можеби утре ќе има рибин грип, бидејќи понекогаш произведуваме вируси контролирајќи ги. Тоа е комерцијален бизнис. Капиталистичките компании произведуваат вируси за да можат да генерираат и продаваат вакцини. Тоа е многу срамно и етички неточно. Вакцините и лековите не треба да се продаваат. Лековите треба да бидат бесплатни, а вакцините да им се даваат бесплатно на децата, но капиталистичките компании ги произведуваат вирусите и вакцините и сакаат да остварат профит. Зошто не се бесплатни? Треба да ги даваме бесплатно, а не да ги продаваме, рече Гадафи.
Да, Гадафи шпекулирал за создавање вируси и ја изразил својата загриженост за продажбата на вакцини. Но, тој не рекол конкретно „тие сами ќе го создадат вирусот, а потоа ќе ги продаваат вакцините, преправајќи се дека ќе одвојат време да го пронајдат решението иако веќе го имаат“, како што се тврди во објавата што ја анализираме.
Писмените транскрипти од говорот исто така не го содржат овој цитат, наведува сајтот за проверка на фактите Африка чек во својата анализа. Нема веродостојни извештаи што укажуваат дека Гадафи го рекол ова во кое било друго време, додаваат проверувачите на факти на Африка чек.
До слично сознание дошле и проверувачите на факти на АФП. Тие имале увид во транскриптот од говорот на Гадафи објавен на официјалната веб-страница на ОН.
Неговите оригинални коментари за вирусите може да се видат на страница 26 од транскриптот, како што е прикажано подолу, со релевантни делови означени од АФП:

Цитат како посочениот во објавата не може никаде да се најде.
Поради сето погоре, оценуваме дека објавата која ја анализираме е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар