Невистинита објава манипулира со љубопитноста на корисниците за повеќе кликови
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, посочениот линк воопшто не води кон шокантна содржина за „македонски пејач уапсен додека водел љубов со две малолетнички“. Тоа е кривично дело и доколку се случеше во Северна Македонија, ќе беше објавена информацијата и на други медиуми што не е случај.
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, посочениот линк воопшто не води кон шокантна содржина за „македонски пејач уапсен додека водел љубов со две малолетнички“. Тоа е кривично дело и доколку се случеше во Северна Македонија, ќе беше објавена информацијата и на други медиуми што не е случај
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
(ФОТО+ВИДЕО)- ШОК Познатиот Македонски пејач уапсен фатен додека водел љубов со ДВЕ Малолетнички – Погледни – Прочитајте повеќе под линкот во коментарите…
Во склоп на објавата во посочениот линк воопшто не се нуди содржина каква што навестува насловот. Станува збор за кликбејт објава којашто има за цел со сензационалистички наслов да измами што поголем сообраќај на даден линк, со невистинито наведување на тоа што има во содржината.
„Вистиномер“ ја пронајде фотографијата која е искористена во конкретната кликбејт манипулативна објава и таа воопшто не потекнува од Северна Македонија. Фотографијата е архивска и објавена во Црна Гора, а авторот на фотографијата е Борис Пејовиќ.
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, посочениот линк воопшто не води кон шокантна содржина за „македонски пејач уапсен додека водел љубов со две малолетнички“. Тоа е кривично дело и доколку се случеше во Северна Македонија, ќе беше објавена информацијата и на други медиуми што не е случај.
Кликбејт е онлајн содржина – најчесто наслов, фотографија создадена да го привлече вниманието, да ги натера корисниците на социјалните мрежи да кликнат, со користење на јазик што ги претставува настаните и работите поголеми отколку што се, сензационализам или фотографии што ве носат во заблуда.
Главната цел не е да се понуди корисна или точна информација, туку да се добие што повеќе кликови, прегледи или интеракции.
Во многу случаи, кликбејт насловите создаваат чувство на мистерија, шок, љубопитност или емоционална реакција, со што го поттикнуваат корисникот да кликне за да дознае повеќе. Често содржината што следува не го исполнува ветувањето од насловот, па корисникот се чувствува изманипулирано или разочарано.
Некои типични карактеристики на кликбејт се претерувањето и драматизацијата. На пример, нешто обично се претставува како „неверојатно“, „шокантно“ или „неочекувано“. Друга техника е намерно пласирање на нецелосни информации, односно насловот остава клучен дел од приказната недообјаснет за да мора да кликнете. Се користи и емоционална манипулација, апелирање на шок, страв, бес, љубопитност или возбуда, се пласираат лажни или заблудувачки ветувања – насловот може да вети нешто што воопшто не се појавува во текстот, се ловат кликови за реклами. Често целта на овие текстови е да се генерира заработка преку прегледи и реклами, а не да се понуди вредна информација.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар