Невистинити се тврдењата дека човекот никогаш не стапнал на Месечината

Фото: The image was posted by WikiImages on Pixabay

И покрај огромниот број физички докази, вклучително и 382 килограми камења собрани од Месечината во текот на шест мисии, сепак сè уште има луѓе кои веруваат дека мисиите на Месечината никогаш не се оствариле туку дека станува збор за голема измама, пишува Гардијан

И покрај огромниот број физички докази, вклучително и 382 килограми камења собрани од Месечината во текот на шест мисии, сепак сè уште има луѓе кои веруваат дека мисиите на Месечината никогаш не се оствариле, туку дека станува збор за голема измама, пишува Гардијан

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека „официјално според фактите, НАСА не стигнале на месечината ниту во 1969 ниту во 2022 година, а ниту ќе слетаат во иднината”.

I love NASA Официјално според НАСА, во 1969 г потребни беа 3 дена пат до месечината. Во 2022 6 дена !? Штеделе гориво или ракетите не ги прает како порано? Официјално според ФАКТИТЕ, НАСА не стигна на месечината ниту во 1969 ниту сега во 2022. А ниту пак ке слетат во иднина.

Не е точно дека во 1969 година НАСА не стигнала до Месечината. Мисијата се вика „Аполо 11“ и нејзината главна цел беше да комплетира национална цел, поставена од претседателот на САД Џон Ф. Кенеди на 25 мај 1961 година, односно да изведе слетување на Месечината и да се врати на Земјата. Иако претседателот Кенеди не доживеа да го види историскиот настан, нацијата ја исполни својата цел во јули 1969 година кога Аполо 11 ги спушти првите луѓе на Месечината и безбедно ги врати на Земјата.

„Аполо 11“, на 16 јули 1969 година, тргна од Капе Кенеди предводена од командирот Нил Армстронг, пилотот Мајкл Колинс и пилотот Едвин Алдрин. Околу 650 милиони луѓе го гледаа Армстронг на телевизија како го опишува настанот како „мал чекор за човекот, а голем чекор за човештвото на 20 јули 1969“. Кога ракетата била испратена во вселената, тоа станало светски настан. Ричард Никсон, кој тогаш беше претседател, го гледал настанот од Белата куќа додека ракетата се кревала.

Армстронг и Алдрин поминаа 21 час и 36 минути на површината на месечината. 

Месецов, пак, вселенско летало на НАСА се доближи до темната страна на Месечината и направи спектакуларна фотографија од Земјата. Ова го објавија и дел од македонските медиуми, кои пишуваат дека вселенското летало „Орион“ на НАСА стигна до Месечината, откако прелета 130 километри над површината и почна да влегува во пошироката орбита. Капсулата, во која наместо екипаж имаше три кукли со сензори за мерење вибрации, космичко зрачење и другите услови во вселената, ѝ пријде на Месечината од нејзината темна страна, која не е видлива од Земјата.

Капсулата ќе помине речиси една недела во орбитата на Месечината пред да се врати назад, а треба да слета во Тихиот Океан на 11 декември. Ракетата „Спејс ланч систем“ (SLS), најмоќната што некогаш ја изградила НАСА, се покажа исклучително добро во својот дебитантски пробен лет, вели водачот на мисијата, Мајк Сарафин.

Фотографии од доближувањето на мисијата до Месечината во 2022 година може да се погледнат на следните линкови.

Капсулата беше лансирана на 16 ноември, на 26-дневно патување околу Месечината, во мисијата наречена „Артемис 1“. Откако патуваше од земјата до Месечината „Орион“ ја заврши првата од трите етапи на своето патување.

Гардијан во 2019 година пишува дека потребни беа 400 илјади вработени во НАСА и изведувачи за да слетаат Нил Армстронг и Баз Алдрин на Месечината во 1969 година, ама само еден човек беше доволен за да се рашири идејата дека сето тоа е лага, а тој човек е Бил Кејсинг. Кејсинг бил вработен меѓу 1956 и 1963 година во фирмата Рокетдајн, која што помогнала да се изработат моторите на ракетата Сатурн 5. Во 1976 година, тој сам објавил памфлет со наслов „Никогаш не отидовме на Месечината, кој што промовираше невистинити теории небазирани на докази“.

И покрај огромниот број физички докази, вклучително и 382 килограми камења собрани од Месечината во текот на шест мисии, сепак сè уште има луѓе кои веруваат дека мисиите на Месечината никогаш не се оствариле туку дека станува збор за голема измама, пишува Гардијан.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека постот кој го рецензирме е невистинит.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција