Асфалтирани внатрешните улиците во село Симница

Од свеченоста по повод асфалтирањето на улиците во Симница Фото: Веб-страница на Општина Гостивар.

Проект:  Асфалтирање на внатрешните улици во с. Сминица

Ќе се асфалтираат двете главни улици во село Симница (Рок: 2015)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за „Асфалтирање на внатрешните улици на село Симница“   е исполнето ветување на градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта. Проектот е дел изборната програма на ДУИ за локалните избори во 2013 година, насловена: „Заедно градиме“, поглавје „Модерна инфраструктура и чиста средина“(стр. 112).

Асфалтирање на внатрешните  улиците во село Симница, освен во предизборната програма на градоначалникот на Општина Гостивар, е ветено и подоцна во 13 мај 2015 година, за време на посетата на градоначалникот Невзат Бејта на ова село:

Што е однесува на Горната населба на селото, градоначалникот Бејта им вети на жителите, дека после завршување на подготовките, во месец јуни ќе почнат градежните активности за асфалтирање на улица должина над  илјада и 400 метри.

Подоцна, на 7 јуни 2015 година, почетокот на градежните активности беа најавени и на „Фејсбук“ страницата на Општина Гостивар, каде е наведено:

По израмнувањето, центрирањето, тампонирањето и ред други подготовки, денеска е почнато асфалтирањето на улицата од центарот на селото до Горната населба, до местото наречено „Кодра“. Станува збор за инвестиција на Општина Гостивар, којашто градоначалникот Невзат Бејта ја вети при средба со жителите на село Симница, за време на посета во месец мај истата година. Патот што се асфалтира е над 1700 метри должина.

На официјалната веб-страница на Општина Гостивар (5 август 2015 г.) е објавена  информацијата дека се асфалтирани внатрешните улици на селото Симница:

Градоначалникот Невзат Бејта посочи дека во Симница беа асфалтирани 3.5 километри пат со ширина од 3.5 метри и тротоари од 0.75 метри од двете страни, вкупно 5 метри ширина и асфалтен слој од 7 сантиметри. Ова  е заедничка инвестиција на Општина Гостивар и Агенција за патишта, финансирана од Европската Унија за обнова и развој. 

На свеченоста по тој повод градоначалникот  Бејта изјави:

Со пратеници и претставници на гостиварското муфтиство сме доаѓале и во други пригоди, но оваа радост на жителите на село Симница, селото на големиот национален деец Џемо Хаса, не сме ја виделе никогаш. Тоа што го ветивме во ова село, денес стана реалност. Село Симница наликува на селата од земјите на Европската Унија. Речиси сите селски улици се асфалтирани. Со средства на Општина Гостивар  се асфалтирани улиците од кај раскрсницата кај село Церово до кај Горно маало, улицата за кај старата Џамија и гробот на Џемо, како и две селски улици. Со фондови од Агенцијата за патишта се асфалтираше патот од центарот на селото во правец на Церово. Исто така, во тендерска постапка на Полошкиот центар е отворањето на останата трасата на патот за село Церово и ќе се финансира од Бирото за регионален развој.

Бејта, исто така додаде:

Со оваа инвестиција, селото се поврзува со главниот пат кој го поврзува Гостивар со Маврово и Кичево. Патот ќе се користи и од страна на жителите на околните села и на селото му се создадени услови за локален економски развој, знаејќи дека Симница има добра географска положба и многу добри природни услови за развој на сточарството.

На свеченоста говореше и пратеникот од ова подрачје, сегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери:

Оваа инвестиција беше долгогодишно ветување на многу политичари, но само сега успеа да се реализира.

Според нашата проверка, ветувањето на градоначалникот на Општина Гостивар за „Асфалтирање на внатрешните улици на село Симница“, е исполнето. Само, како што може да се забележи, должината на асфалтираниот пат е нејасна, збунувачка. Во различни изјави се дадени различни бројки (во метри, километри), односно, во првите најави должината е над 1400 метри, во друга изјава се наведува должина некаде околу 1700 метри, а после реализацијата, градоначалникот изјави дека се асфалтирани некаде  3,5 километри.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција