Ни трага од ветените интернет клубови на ДУИ
Ветување: Отворање на интернет клубови
[Изборна програма на ДУИ за парламентарните избори 2016, датум: декември 2016 ]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во изборната програма на ДУИ, „Платформа 2020“, во делот „Јавни услуги” е дадено ветувањето за отворање на интернет клубови. Ова ветување досега (25.09.2018) не е исполнето.
Споменатото ветување на ДУИ дадено за последните парламентарни избори (2016) не специфицира конкретно за какви интернет клубови станува збор, во кои места би требало истите да се отворат, како би функционирале и колку би чинела нивната одржливост. Исто така, ваков проект воопшто не се споменува во Програмата за работа на Владата 2017-2020.
Да потсетиме дека во времето кога ДУИ беше составен дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сличен проект „Светот на дланка”, беше имплементиран во периодот од 2007 до 2012 година во неколку градови и беа отворени околу 30 интернет клубови.
Но, со пребарување на интернет пребарувачите за вести не може да се добие никаква информација за обновување на овој проект, или за отпочнување на нов проект кој би требало да се имплементира од новата Влада од СДСМ и ДУИ.
Иинформации за отворање на интернет клубови не може да се најдат ниту на веб – страницата на Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА). Ниту пак, некој од функционерите на ДУИ спомнал проект за отоворање на интернет клубови, при елаборирање на успесите и плановите на нивната партија во Владата.
Такво нешто не може да се забележи ниту со теренска проверка во поголемите градови, имајќи предвид дека интернет клубовите би требало да се лоцирани на места кои би биле лесно воочливи.
Според горенаведеното може да се заклучи дека ветвањето на ДУИ за отворање на интернет клубови, не е исполнето.
ИЗВОРИ:
- Платформа 2016-2020 на ДУИ за парламентарните избори 2016 [проверено на 25.09.2018]
- Вистиномер (17.11.2017) Што сработи Владата во првата фаза од реформскиот „План 3-6-9“[проверено на 25.09.2018]
- Владата ќе отвори уште 15 интернет клубови [пристапено на 25.09.2018]
- План 3-6-9 [проверено на 25.08.2018]
- Програма за работа на Владата 2017-2020 [пристапено на 25.09.2018]
- Веб-страница на МИОА [проверено на 25.09.2018]
- Алсат М (01.06. 2018) ДУИ: Реализирани се главните реформи [проверено на 25.09.2018]
- План за стратегијата во јавната администрација [проверено на 25.09.2018]
- Википедиа Проект „Светот на дланка” [проверено на 25.09.2018]
Oцени: Дрилон Салиу
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар