Никој не вели дека активисти на ДУИ пишувале графити за ВМРО во Тетово

Foto nga lajmi që e recensojmë.

Foto nga lajmi që e recensojmë.

Пишува: Ардит Рамадани.

За време на предизборната кампања, извадено од контекст е дури и соопштениeтo на државна институција. Вистина е дека полицијата ги уапсила лицата кои пишувале графити во Тетово. Меѓутоа, никаде не пишува дека тие лица се активисти на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), иако рецензираната вест го тврди токму тоа.

Иако за вој случај од Секторот за внатрешни работи (СВР) во Тетово испратиле соопштение  уште во денот на настанот, истото не е вметнато во написот.

Сосема легитимно при пишување на една вест новинарот да користи анонимни извори, но во овој случај целата вест е заснована на нив и целосно се занемарени официјалните извори. Минимум би требало да се проверат фактите.

„Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити” стои во Етичкиот Кодекс на новинарите.

Меѓутоа, основната работа што треба да ја направи секој новинар кој решил да користи информации од анонимни извори, е да изврши проверка на тие информации, или најмалку што може да направи е да истакне во написот дека се работи за шпекулација или за претпоставка.

„Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно” пишува во Етичкиот Кодекс на новинарите.

Што е вистината и зошто е искривена?

За Вистиномер.мк, од Секторот за внатрешни работи (СВР) во Тетово потврдија дека едно од лицата инволвирани во овој случај е полицаец.

„На 27,06,2020 вработените во полицијата во Секторот за внатрешни работи (СВР) во Тетово, на улицата „Маршал Тито“ – Монопол, на влезот на компанијата фатиле неколку лица кои пишувале на ѕид графити за една политичка партија.  Во моментот се работи за расчистување на случајот“ стои во соопштението од СВР.

Имајќи предвид дека во тек е предизборна кампања, можната политичка пристрасност доведува до објава на информации кои се делумно точни, а не целосно точни, а со цел да се намали вредноста на другата политичка партија во очите на гласачкото тело.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција