Никогаш не биле забранети обдукции на починати од ковид

Факт е дека Светската здравствена организација никогаш не забранила обдукција на починати од коронавирус. Вистината е дека СЗО никогаш не рекла дека не смеат да се прават обдукции, туку дека треба да се преземат што повеќе мерки на заштита при таквите обдукции и препорачува тие да се прават со голема внимателност. Директорот на Институот за судска медицина во екот на пандемијата, во април 2021 гоодина, во изјава за „Вистиномер“ кажа дека обдукциите на пациенти починати од ковид не се забранети, но не се препорачливи таму каде што нема услови за нив

Рецензираме пост на Фејсбук кој тврди дека обдукциите на починатите од ковид-19 за време на пандемијата, биле забранети. Ова не е точно.

Зошто беа забранети обдукциите на починатите од ковид-19 за време на пандемијата?!, пишува во постот.

Вистиномер досега неколкупати има дебанкирано вакви и слични дезинформации. Факт е дека Светската здравствена организација (СЗО) никогаш не забранила обдукција на починати од коронавирус. Напротив, за време на пандемијата, обдукции се правеа секаде каде што за тоа имаше потреба. Обдукции беа направени во Германија, Италија, Русија  и Србија.

Вистината е дека СЗО никогаш не рекла дека не смеат да се прават обдукции, туку дека треба да се преземат што повеќе мерки на заштита при таквите обдукции и препорачува тие обдукции да се прават со голема внимателност.

Директорот на Институот за судска медицина, доктор Александар Станков, во екот на пандемијата, во април 2021 гоодина, во изјава за „Вистиномер“ рече дека обдукциите на пациенти починати од ковид не се забранети, но не се препорачливи таму каде што нема услови за нив. Сепак, како што потврди тој, во Македонија биле извршени обдукции врз пациенти починати од ковид, и тоа зашто за тоа имало индикација за судско медицинска обдукција.

До јануари 2021 година имало 13 обдукции на лица кои имале ковид, а кај шестмина од нив, причината за смртта бил директно самиот вирус. Меѓу другите случаи, имало лица кои починале во сообраќајни незгоди или, пак, извршиле самоубиство.

Имајќи го предвид сето ова, можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме е невистинит.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција