Никој намерно не гасел струја во држава, не е точно дека ќе се градат кампови за мигранти

Фото: Fré Sonneveld on Unsplash

Како што изјавија од АД МЕПСО, причината за прекинот во напојувањето со електрична енергија била ниската потрошувачка на електрична енергија за време на викендот. Оттаму додадоа дека имало високи напони во мрежата во целиот регион, што влијаело и на нашиот систем и довело до испад. Што се однесува до тврдењето дека во државата ќе се населат мигранти, ваквите шпекулации, кои Вистиномер веќе ги дебанкираше, во јавноста се појавија откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека Македонија ќе потпише договор за стратешко пријателство со Обединетото Кралство

Како што изјавија од АД МЕПСО, причината за прекинот во напојувањето со електрична енергија била ниската потрошувачка на електрична енергија за време на викендот. Оттаму додадоа дека имало високи напони во мрежата во целиот регион, што влијаело и на нашиот систем и довело до испад. Што се однесува до тврдењето дека во државата ќе се населат мигранти, ваквите шпекулации, кои Вистиномер веќе ги дебанкираше, во јавноста се појавија откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека Македонија ќе потпише договор за стратешко пријателство со Обединетото Кралство

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс која вели:

Ова со струјата е дефокус за мигрантите 👌😉 

На 18 мај, како што пренесоа медиумите, голем дел од Македонија рано утрото остана без електрична енергија поради неочекуван прекин во снабдувањето што започнал околу 5 часот. Граѓани од бројни градови и региони, меѓу кои Скопје, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Кичево, Гевгелија и Куманово, пријавиле прекин на струјата преку социјалните мрежи. Граѓани кои успеале да го добијат контакт-центарот на ЕВН, како што јави СДК, изјавиле дека им било кажано оти станува збор за голем дефект.

Објавата што ја анализираме сака да прикаже дека тоа што снемало струја во државата било направено намерно со цел да се оттргне вниманието на јавноста наводно од некакво населување со мигранти.

Да се тврди вакво нешто е доста сериозно и за тоа треба да се понудат сериозни докази. Но, објавата не нуди никакви докази, само нафрлања.

Како што изјавија од АД МЕПСО, причината за прекинот во напојувањето со електрична енергија била ниската потрошувачка на електрична енергија за време на викендот. Оттаму додадоа дека имало високи напони во мрежата во целиот регион, што влијаело и на нашиот систем и довело до испад.

Денес во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 kV преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 kV мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 kV во трансформаторски станици. Станува збор за регионален и европски проблем со кој се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината, соопшти МЕПСО.

Значи, немало никакво намерно исклучување на струјата со цел дефокус на јавноста.

Што се однесува до тврдењето дека во државата ќе се населат мигранти, ваквите шпекулации, кои Вистиномер веќе ги дебанкираше, во јавноста се појавија откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека Македонија ќе потпише договор за стратешко пријателство со Обединетото Кралство.

Од Владата на Република Северна Македонија во изјава за Вистиномер ги демантираа наводите дека Македонија со договорот се обврзала да прифати мигранти.

Не е точно. Никој не презема обврска доколку не сака дека мора да има мигранти. Нема да има. Ги сфаќаме, што дури има вакви одлични историски значајни вести за нашата држава, мора да отворат измислен непостоечки проблем затоа што едноставно така се обврзале тие да направат со свои договори за стратешко партнерство со актуелни и сегашни лидери на партии. Тоа е реалноста. Се друго е измама и обид една значајна работа за државата и народот да се минимизира и да се фрли сенка и дамка на истата. Времето ќе ги демантира а ние со оптимизам и силна посветеност, увереност и одговорност промовираме значаен настан за нашата држава. Има голем простор за задоволство. Од ова ќе произлезат многу значајни проекти за народот и државата и ние сме среќни за тоа, изјавија од Владата за „Вистиномер“. 

Владата на Обединетото Кралство подетално на својата веб-страница има објаснето дел од договорот за стратешко партнерство со С. Македонија во соопштение објавено на 16 мај 2025 година (петок). Но, никаде не се споменува „сместување на азиланти, мигранти и бегалци кои Англија ги одбила и сега треба да се ослободи од нив“.

На истиот владин сајт на Обединетото Кралство еден ден порано, односно на 15 мај 2025 година објавено е што точно значи Joint Migration Taskforce (кон кој и С. Македонија се согласила да се приклучи). Се наведува дека Обединетото Кралство ќе ги засили напорите да ги разбие криминалните мрежи коишто ја дозволуваат илегалната миграција преку Западен Балкан и дека тоа ќе се случи на историската посета на Кир Стармер во Албанија (прва негова посета на Албанија). Стармер ја посети Албанија во историска прва официјална посета, бидејќи двете држави ја засилуваат соработката на полето на одбраната и безбедноста, организираниот имиграциски криминал и во насока на економски развој.

Во соопштението од 15 мај 2025 се наведува дека Обединетото Кралство го проширува Joint Migration Task Force во Западен Балкан за да ги пресретне напливите мигранти пред да дојдат до бреговите во Обединетото Кралство. Дискусиите за илегалната миграција дојдоа на дневен ред откако Стармер го откри така наречениот Immigration White Paper кој претставува план за да се намали миграцијата.

Повеќе за ова прочитајте во анализата на Вистиномер.

Премиерот Мицкоски, во изјава за медиумите дадена на 22 мај, беше дециден дека во земјава нема да се градат кампови за мигранти како дел од Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија

Апсолутно нема таква работа. Таа тема се наметна откако во Албанија беше потпишан договор меѓу тамошниот премиер и премиерот на една земја од Европската Унија за изградба на кампови, а дека земјата ќе прими неколку десетици илјади мигранти. Аналогно на тоа, таа тема се пренесе и тука. Но, таа тема е затворена, кажа премиерот.

Информациите претходно ги демантираше и амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија Метју Лосон, на заедничка прес-конференција со премиерот која се одржа на 17 мај.

Суштината на ова стратешко партнерство се инвестиции, раст на економијата, работење заедно за заемна корист и на веќе одличното трговско партнерство. Драго ми е што земјата се согласи дека ќе се приклучи на заедничката мисија во однос на мигрантите, но тоа ќе се однесува на полициските сили коишто ќе работат заедно, соочување со криминалните банди, подобро споделување на разузнавачки информации и ова го правиме со повеќе европски земји. Не се работи за тоа дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Ова е широко партнерство во однос на безбедноста, трговијата, одбраната, инвестициите. Знам дека има многу шпекулации во медиумите на оваа тема, но овде не се работи за тоа, изјави Лосон одговарајќи на новинарски прашања.

Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција