Никој не „пушта“ кутии со крлежи во Америка
Како што пишуваат проверувачите на факти на „Сноупс“, од март 2026 година на интернет почнале да се објавуваат гласини кои потекнуваат од лице кое се претставува како „холистичка докторка“ по име Сара Аутло, која во свои објави тврдела дека „земјоделците пријавуваат кутии со крлежи пронајдени на полињата и ова треба да ве загрижи“.
Како што пишуваат проверувачите на факти на „Сноупс“, од март 2026 година на интернет почнале да се објавуваат гласини кои потекнуваат од лице кое се претставува како „холистичка докторка“ по име Сара Аутло, која во свои објави тврдела дека „земјоделците пријавуваат кутии со крлежи пронајдени на полињата и ова треба да ве загрижи“
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Во Америка пуштат кутии со крлежи на фармите. А во исто време подготвуват вакцини против нив.
Како што пишуваат проверувачите на факти на „Сноупс“, од март 2026 година на интернет почнале да се објавуваат гласини кои потекнуваат од лице кое се претставува како „холистичка докторка“ по име Сара Аутло, која во свои објави тврдела дека „земјоделците пријавуваат кутии со крлежи пронајдени на полињата и ова треба да ве загрижи“.
Накратко, нема докази што ја поткрепуваат гласината. Аутло не можеше да обезбеди никаков доказ за да го поткрепи тврдењето, велејќи дека таа само ги добила информациите од колега, а не директно од земјоделците како што првично кажа во своите објави. Таа одби да даде дополнителни детали, повикувајќи се на приватноста на другите, освен тврдењето дека земјоделците пријавиле кутии за крлежи конкретно во Мисури, пишуваат проверувачите на факти на „Сноупс“.
„Сноупс“ контактирале со стотици службеници од Мисури за да прашаат дали добиле какви било информации во врска со земјоделци кои пронашле кутии со крлежи.
До моментот на пишување на овој текст, ниту еден градски или окружен службеник не потврди постоење на такви пријави, а повеќе од 30 окрузи рекоа дека или не добиле никакви пријави за кутии со крлежи или дека не знаат за таков настан, додаваат проверувачите на факти на „Сноупс“.
Лиза Кокс, директорка за комуникации во Министерството за здравство и услуги за повозрасни лица во Мисури, исто така изјави дека одделот не добил таква пријава.
Она коешто постои се кутии кои се користат како мамка за глодари. Според „Конзумер рипортс“ овие мали кутии привлекуваат глодари. Кутиите „ги прскаат“ глодарите со инсектицид кој убива крлежи (а крлежите се закачени на глодарите), без да ги повреди самите глодари. Кутиите, кои во изминатите години беа претставени во истражувањата на Центрите за контрола и превенција на болести, ги оставаат глодарите неповредени. Но, според „Сноупс“, нема никакви извештаи дека наводно фармерите ги мешале овие кутии со „сомнителни кутии полни со крлежи“.
Остин Грим, директор на Центарот за јавно здравје на округот Кејп Жирардо, за Сноупс изјави дека кутиите можат да се користат за собирање крлежи за истражување.
Не сме добиле пријава за такви околности. Сепак, често користен начин за собирање крлежи за проучување е користење на стапици со јаглерод диоксид, кутии што бавно ослободуваат јаглерод диоксид за да привлечат крлежи. Според моите сознанија, секогаш кога универзитет или друг субјект собира крлежи, тие се грижат сопствениците на имотот да бидат прашани и известени кога нивниот имот е место за собирање, вели тој.
Порталот на чикашкото студио на телевизиската станица Ен-би-си во текст од 29 април 2026 објаснува дека зголемувањето на бројот на крлежи позитивни на лајмска болест и растот на посетите на итна помош поради каснувања оваа пролет предизвика многу теории.
Во еден случај, на социјалните мрежи почнаа да кружат гласини дека земјоделци на неоткриени локации пронаоѓаат кутии со крлежи на нивните имоти. Теоријата се чини дека потекнува од објава на социјалните мрежи во која инфлуенсерка тврдеше дека слушнала за вакви инциденти „директно од земјоделците“.
Иако таа не направи врска со вакцината против Лајмска болест во својот пост, многумина почнаа да теоретизираат дека сцените би можеле да бидат поврзани со вакцина, бидејќи „Фајзер“ неодамна ги објави резултатите од тековното испитување за својата најнова вакцина. Но, ниеден здравствен службеник со кој контактираше NBC Chicago не слушнал за вакви инциденти што се случиле во Илиноис, а експертите рекоа дека најверојатно е невистина дека се случиле, пишува медиумот.
Ен-би-си исто така пренесе изјава од д-р Метју Лесли, епидемиолог од Одделот за јавно здравје на Илиноис:
Од научна перспектива, не сум сигурен како би се постигнало тоа. Крлежите имаат многу сложени животни циклуси кои бараат интеракција со голем број животни во дива средина. Немам причина да верувам во таа теорија, вели тој.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар