Никол Шваб не признала дека СЕФ планира да убие милијарди луѓе

Фото: weforum.org

Не е вистина дека ќерката на Клаус Шваб, Никол, која и самата е во Светскиот економски форум „признала дека СЕФ планира да убие милијарда луѓе“. Текстот и видеото се темелат на неименувани извори кои не се знае дали постојат, но со сигурност во официјалните професионални светски медиуми не постојат информации дека Никол Шваб се свртела против татко ѝ и не постојат информации дека таа „признала оти СЕФ планира да убие милијарда луѓе“.  Светскиот економски форум на 23 април започна истрага против Клаус Шваб, откако писмо од „свиркачи“ го обвини за финансиски малверзации во СЕФ, кои тој и неговото семејство ги негираат. Но, истрагата е независна и треба да ја спроведе СЕФ, а не некакви обвинители. Шваб се повлече од организацијата

 

Не е вистина дека ќерката на Клаус Шваб, Никол, која и самата е во Светскиот економски форум, „признала дека СЕФ планира да убие милијарда луѓе“. Текстот и видеото се темелат на неименувани извори кои не се знае дали постојат, но со сигурност во официјалните професионални светски медиуми не постојат информации дека Никол Шваб се свртела против татко ѝ и не постојат информации дека таа „признала оти СЕФ планира да убие милијарда луѓе“.  Светскиот економски форум на 23 април започна истрага против Клаус Шваб, откако писмо од „свиркачи“ го обвини за финансиски малверзации во СЕФ, кои тој и неговото семејство ги негираат. Но, истрагата е независна и треба да ја спроведе СЕФ, а не некакви обвинители. Шваб се повлече од организацијата

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Ќерката на Клаус Шваб признава: „Светскиот економски форум планира да убие милијарди луѓе“
Во склоп на објавата има линк до видео во кое се тврди дека „Никол Шваб, ќерка на Клаус Шваб екстензивно соработува со обвинителите во случај за злосторства против човештвото против клучни фигури од глобалната елита“. Во 20-минутното видео се тврди без никакви докази дека ќерката на Клаус Шваб почнала да соработува со неименувани обвинители за да го „разоткрие тајниот заговор – глобална агенда за депопулација, лажна пандемија, дигитален затвор во кој се обидуваат да нè турнат“. Се додава дека Никол Шваб „открила зад затворени врати факти за инженерство во пандемијата, децении загадување на храната и водата и воздухот и заканата за идни пандемии со инженерство“.

Не е вистина дека ќерката на Клаус Шваб, Никол, која и самата е во Светскиот економски форум „признала дека СЕФ планира да убие милијарда луѓе“. Текстот и видеото се темелат на неименувани извори кои не се знае дали постојат, но со сигурност во официјалните професионални светски медиуми не постојат информации дека Никол Шваб се свртела против татко ѝ и не постојат информации дека таа „признала оти СЕФ планира да убие милијарда луѓе“. Во текстот од објавата што ја рецензираме, всушност, се повторуваат стари теории на заговор за депопулација, за пландемија и наративи за труење преку храна воздух и вода, за коишто нема ниту еден линк со Клаус Шваб.

Она што е вистина е дека Светскиот економски форум на 23 април започна истрага против неговиот основач, Клаус Шваб, откако писмо од „свиркачи“ го обвини за финансиски малверзации во СЕФ кои тој и неговото семејство ги негираат. Истрагата е независна и треба да ја спроведе СЕФ, а не некакви обвинители. Шваб се повлече од организацијата.

Писмото од свиркачот вклучувало низа обвинувања против семејството Шваб, според „Волстрит џурнал“ и „Фајненшл тајмс“. Меѓу нив се обвинувањата дека Шваб користел средства од СЕФ за да плати приватни масажи во хотели, побарал од персоналот да го промовира за Нобелова награда за мир и им наложил на помладите вработени да повлекуваат илјадници долари од банкомати во негово име.

Според „Гардијан“ во писмото од свиркачот Шваб е обвинет за манипулирање со извештајот за глобална конкурентност на СЕФ со цел да се придобие наклонетост кај одредени влади. Публикацијата ги рангира земјите врз основа на критериуми, како што се образованието, инфраструктурата, пазарот на трудот и здравствениот систем, и е референтна точка за годишниот состанок во Давос.

Доверителите едногласно ја поддржаа одлуката за повикување правни советници и покренување независна истрага, соопшти СЕФ .

СЕФ соопшти дека иако „ги сфаќа сериозно овие обвинувања, нагласува дека тие остануваат недокажани и ќе го чека исходот од истрагата за да даде понатамошен коментар“.

Шваб и неговото семејство според Гардијан ги негирале сите обвинувања, велејќи дека се неосновани и дека ќе бидат оспорени во контра-тужба за тие коишто стојат зад писмото. Во соопштението испратено во име на семејството до некои медиуми се тврди дека Шваб бил жртва на „убиство на карактерот“.

Така што, истрагата не е за никакви активности за депопулација, ниту пак, во објавата се дава доказ дека ќерката на Клаус Шваб, Никол се свртела против организацијата и „признала дека СЕФ планира да убие милијарда луѓе“. Вистиномер и порано разобличи бројни дезинформации насочени кон Клаус Шваб и СЕФ.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција