Никола Бакрачески


Warning: Use of undefined constant vetuvanja - assumed 'vetuvanja' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/portalb/webapps/vistinomer3/wp-content/themes/publisher-child/functions.php on line 653

Warning: Use of undefined constant izjavi - assumed 'izjavi' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/portalb/webapps/vistinomer3/wp-content/themes/publisher-child/functions.php on line 665

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Актуелниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески е роден на 18 ноември 1970 година во Струга, а неговото семејство потекнува од струшкото село Радожда. Најраното детство го поминал во Струга, а потоа со мајка му и брат се преселуваат во Охрид.
Тој е страствен риболовец, рекреативно игра кошарка, фудбал и ракомет. Посетува фитнес, пешачи, плива и планинари.

Татко е на две деца, Наум и Горазд.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Средно образование завршил во гимназијата „Свети Климент Охридски“ во Охрид во 1989 година.

Со просек 9,3 дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1995 година. Лекарска лиценца добил следната година.

Специјализирал Интерна медицина при Катедра по интерна медицина на Медицински факултет – Скопје од февруари 1998 до април 2002 година, кога и го положил специјалистичкиот испит.

Субспецијализација по кардиологија на Институт за срцеви заболувања – Скопје, во ноември 2009 година.

Во октомври 2011 година ги започнал докторските студии по Клиничка медицина на Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.

Говори англиски, српски, хрватски, бугарски јазик, а се служи со албанскиот.

 

КАРИЕРА

1. Директор на ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања- Охрид, (од јули 2006 година до стапувањето на градоначалничката функција во Охрид)

2. Раководител на Работна единица за интервентна кардиологија ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања- Охрид, (од јуни 2006)
3. Раководител на Интензивна нега, ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид (мај 2002 – јули 2006)
4. Раководител на Болнички оддел, ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид (мај 2002 – јули 2006)
5. Одговорен на Научен клуб, ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид (од јуни 2003)
6. Раководител на Ехокардиографски кабинет, Специјална болница за кардиохирургија „Филип Втори“ – Скопје (ноември 2001 – април 2002)
7. Асистент кардиолог, Специјална болница за кардиохирургија „Филип Втори“ – Скопје (ноември 2001 – април 2002)
8. Специјалистички стаж, Интерни клиники, Клинички центар – Скопје (февруари 1998 – април 2002)
9. Доктор на медицина, ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид (декември 1996 – февруари 1998); • Секундарен доктор Интензивна нега, Институт за срцеви заболувања – Скопје (февруари 1997 – јуни 1997);
10. Секундарен доктор, Ехокардиографски кабинет Институт за срцеви заболувања – Скопје (јуни 1997 – декември 1997);

11. Секундарен доктор, Институт за кардиоваскуларне болести – Дедиње, Белград, Србија (јануари 2000 – јуни 2000); Тренинг курс во напредната Ехокардиографија, Инвазивна кардиологија и Електрофизиологија
12. Секундарен доктор Специјална болница за кардиохирургија „Филип Втори“ – Скопје (ноември 2000 – ноември 2001)

Придружни трудови и тренинг вештини

1) Коавтор на книгата „Mаnagement of Complex Cardiovascular Problems”, Bleckwell Futura
2) Коавтор на книгата „Textbook of Advanced Interventional Cardiology” Bleckwell Futura
3) Kоавтор на книгата „Practical Handbook of Advanced Interventional Cardiology, TIPS and TRICKS ( fourth edition 2013)

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

-Официјално мандатот на Градоначалникот на општина Охрид, др.Никола Бакрачески започна на 03.04.2013 година, после победата во првиот круг на Локалните избори 2013 година.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на Никола Бакрачески: Биографија

Веб-сајт на општина Охрид: Биографија на градоначалникот

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција