Трпејца далеку од изградба на фекална канализација

Туристичкиот бисер Трпејца во 21. век уште без фекална канализација. Фото: commons.wikimedia.org

Проект: Третман на отпадните води во село Трпејца, село Љубаништа и населено место Свети Наум

Со нова технологија што ќе ја воведеме во поглед на третманот на отпадните води, ќе придонесеме овој регион да биде опфатен со систем за собирање на отпадните води, со што, конечно, ќе излеземе в пресрет на барањата на жителите, а особено на туристите, за чиста околина во овој атрактивен појас на охридското крајбрежје.  (Средства: 183.500.000,00 денари, Извори на финансирање: Буџет на Општината / меѓународни финансиски институции, Рок: 2017)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, на 37. страница од изборната програма „НОВИ ДЕЛА ЗА НОВ НАПРЕДОК,НОВИ ДЕЛА ЗА ПОДОБАР ОХРИД!“со која се бореше за мандат на локалните избори во 2013 година, вети и соодветен третман на отпадните води, односно канализациски системи за селата Трпејца и Љубаништа и за Свети Наум. Рокот што го наведе е 2017 година.

 

Според тоа што може да се види за реализацијата на ова ветување, преземени се  малку чекори за да може да се испочитува рокот. Сепак, со оглед на тоа дека има одредени активности во насока на остварување на ова ветување,  оценката за него  е во тек“.

Првиот конкретен чекор е направен на 8 јули годинава, кога е распишан оглас за за изградба на фекална канализација со пречистителна станица за населено место Трпејца.

Најава дека се размислува за решавање на овој проблем на Трпејца, село кое важи за еден од бисерите на источниот брег на Охридско Езеро, има на 28 мај 2015 година, кога за планот за изградба на канализација и пречистителна станица разговарале Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

Претходна најава за решавање на проблемите на трпејчани гледаме и на 30 јули 2014 година.

Во однос на ветувањето за Љубаништа и за Свети Наум, на веб-сајтот на Општина Охрид и на интернет-медиумите нема информации дека се преземени чекори за негово исполнување.

Но, со оглед на тоа дека  се направени напори за изградба на фекална канализација и пречистителна станица за Трпејца, според методологијата на Вистиномер ветувањето се оценува   во тек“.

 

ИЗВОРИ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција