Никола Димитров

На 31.05. 2017 година Никола Димитров е избран за министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Никола Димитров е роден 1972 година во Скопје . Тој е женет, татко е на три деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Докторант при Институтот за безбедност,одбрана и мир,  Филизофски факултет, Универзитет  „Св. Кирил и Методиј”

1997-1998   –  Мгистер по правни науки на Универзитетот во Кембриџ, Обединетото Кралство

1991-1996   –  Дипломиран правник, Правен Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

Студент на генерацијата и добитник на наградата „26 јули”, Фондација Франк Манинг

 

КАРИЕРА

 2017               –  Надворешен експерт при Меѓународниот центар за правна соработка, Хаг, Кралство Холандија

2014 -2017   –   Истакнат член на Хашкиот институт за глобална правда,  Хаг, Кралство Холандија

2011-денес  –   Член на Постојаниот суд за арбитража, Хаг, Кралство Холандија

2009–2014   –  Вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Хаг, Кралство Холандија; Постојан претставник на Република Македонија при Организацијата за забрана на хемиско оружје

2008-2011  –   Ко-застапник на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата (Примена на Времената спогодба од 1995 година)

2007-2008  –  Специјален пратеник на Владата на Република Македонија за европски и евроатлантски интеграции во Брисел, Кралство Белгија

2006 – 2009 – Национален координатор за интеграција на Република Македонија во НАТО

2003 – 2008 – Специјален пратеник на Република Македонија во разговорите за надминување на разликата околу името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации

2001 – 2006 – Вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Вашингтон, Соединетите Американски Држави

2000 – 2001  – Советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија

2000              –  Заменик министер за надворешни работи на Република Македонија

 

Дополнителни активности

2016 -денес   –  Член на Советодавниот одбор, ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, Скопје, Република Македонија

2015 – денес  –  Член на Балканот во Европа, Советодавна група за политики, Европски фонд за Балканот и Центар за ЈИЕ студии при Универзитетот во Грац, Австрија

2015 – денес  –  Член на Управниот одбор, Фондација за интегрирано образование, Скопје, Република Македонија

2012               –   Сертификат за професионална обука, Џон Ф. Кенеди Факултетот за администрација при Универзитетот Харвард, Лидери во ЈИЕ

1999 – денес –  Многубројни публикации, анализи и колумни во домашни и меѓународни медиуми

1996 – 2001   – Демонстратор на Правниот факултет при Универзитетот“Св. Кирил и Методиј”, Меѓународно јавно право и Меѓународно право за правата на човекот

1993-1994     – Секретар за образование, Сојуз на студенти при Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј”

 

ИЗВОРИ

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција