Никола Груевски: Буџетот за здравство е 7 милијарди денари повисок од времето на СДСМ

Вчера имавме критика дека се намалил буџетот за здравството, а забораваат да кажат дека тој е седум милијарди денари повисок од тоа што било во времето на СДСМ. [Датум: 10.05.2012| Извор: Сител Телевизија]

Образложение:

Во буџетот за 2012 година за Фондот за здравство предвидени се 22 625 000 000 денари. За истата ставка во 2006 година (последната година кога на власт беше СДСМ) беа одвоени 15 878 000 000 денари. Разликата е нешто помалку од 7 милијарди денари. Останатите години кога на власт беше СДСМ, за Фондот за здравство беа одделени 15 724 231 000 денари во 2005 година, 15 335 027 000 денари во 2004 година, и 13 879 908 000 денари во 2003 година. Според ова, изјавата на премиерот Груевски, дека буџетот за здравството е за 7 милијарди денари повисок од тоа што бил во времето на СДСМ, е вистинита.

Буџет на Фондот за здравство:

  • 2012 година: 22 625 000 000 денари
  • 2006 година: 15 878 000 000 денари
  • 2005 година: 15 724 231 000 денари
  • 2004 година: 15 335 027 000 денари
  • 2003 година: 13 879 908 000 денари

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција