Никола Груевски: Македонија е четврта во Европа по најмало задолжување

Економските политики на Владата се покажаа многу исправни, посебно политиката на раздолжување која придонесе во моментот со стапка од само 26 отсто од БДП да бидеме четврти во Европа по најмало задолжување, што претставува најдобар показател за здравата економска политика на оваа Влада. [Датум: 24.04.2012 | Извор: Точка]

Образложение:

Според извештајот на ММФ од април 2012 година, стапката на задолженост на Македонија изнесува 26,7% од БДП. Со оваа стапка, Македонија се наоѓа на 10 место на листата на европски држави, а не на 4 место како што изјавува премиерот. Пред Македонија на листата се Норвешка (-173,6%), Финска (-57%), Шведска (-20,1%), Бугарија (-4,2%), Естонија (1,9%), Швајцарија (6,4%), Данска (8,4%), Молдавија (22,5%) и Полска (25,1%). Според тоа, оваа изјава на премиерот Груевски може да се окарактеризира како невистинита.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција