Никола Груевски: Македонија е земја со најниски давачки за почнување бизнис во Европа

Македонија е земја со најниски давачки за почнување бизнис во Европа. [Датум: 02.04.2012 | Извор: Утрински Весник]

Образложение:

Трошоците за започнување на бизнис во Македонија изнесуваат околу 4000 денари или 65 евра. Според информациите од извештајот “Doing Business 2012” објавен од страна на Светската Банка во октомври 2011 година, Македонија се наоѓа на петтото место помеѓу европските држави во однос на трошоците за започнување на бизнис. Данска и Словенија воопшто немаат трошоци за започнување на бизнис, во Белорусија трошоците изнесуваат 21 евро, а во Грузија 47 евра. Бугарија, Азербејџан и Казахстан имаат трошоци за започнување на бизнис слични на нашите. Според ова, изјавата на премиерот Груевски, дека Македонија е земја со најниски давачки за почнување на бизнис во Европа, е невистинита.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција

1 Реакција
  1. Бидејќи на Твитер ја коментиравме темата и јас реков дека трошоците во Бугарија се доста повисоки, одколку што се наведени во изјавата на Н. Груевски, некои од корисниците таму ме запрашаа да ставам коментар овде така да повеќе луѓе можат да го прочитат.

    Кратка итемизација на трошоците:

    1. Трговски регистар:

    1.1. Захтев за штитење на име на фирма – 50 лева
    1.2. Упис – 160 лева

    Ако ја поднесете пријавата по електронски пат таксите ви се намалуват пола и изнесуват 25 односно 80 лева.

    2. Нотар
    10 лева

    3. Банка
    40-50 лева

    Све: 250-260 лева (од перспективата на странец ја исклучувам можноста захтевот да се поднесе по електронски пат, така што ја ставувам полната такса).

    Бидејќи странец не може да ја среди сам работата по регистрација и слично ќе мора да се обрати кон некој адвокат или консултант.

    Во просек тие ќе му побараат 300 лева така што ќе се стигне до тотал од 500-600 лева или 250-300 евра.

    Менувачки курс: 1 евро = 1,95583 лева