Никола Попоски

Никола Попоски е заменик на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Никола Попоски е роден на 24 октомври 1977 во Скопје. По националност е Македонец. Оженет е и татко на три деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Во 2002 се стекнува со универзитетска диплома како економист на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а како стипендијант на Владата на Република Франција студирал и на универзитетот во во Ница „Софија Антиполис“.

Во 2004 година се стекнува со титула магистер по странски јазици и меѓународна трговија; ЕУ Универзитет во Рен, Франција и Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Во 2005 година станува магистер по Европски економски студии на Колеџ на Европа, Бриж, Белгија.

 

КАРИЕРА

1999 – 2001: Кралско инженерство на Велика Британија, Асистент на Манаџерот за квалитет
2003 – 2004: Државна пристанишна управа, Руен, Развоен оддел за транспортна инфраструктура
2001 – 2004: Амбасада на Француската Република во Република Македонија, Секретар
2005 – 2006: DEPFA Bank plc. HQ, Даблин, Менаџер за односи со институционални клиенти
2006 – 2009: Европска Комисија, Заеднички истражувачки центар, Раководител на експертска група

Никола Попоски е обучен внатрешен ЕК оценител за примена на стандарди од доменот на менаџментот, управување со животна средина, здравје и безбедност во работното окружување (ISO 14001, OHSAS 18001)

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Во 2010 и 2011 година е во Мисијата на Република Македонија при ЕУ, како шеф на мисија и амбасадор.
Од 28 јули 2011 е министер за надворешни работи на Република Македонија, а од 24 јуни 2016 е и заменик претседател на Владата на Република Македонија, односно вицепремиер.

 

 

ИЗВОРИ

Министерство за надворешни работи на Република Македонија – За министерот Никола Попоски

(30.06.2016) Фактор – Нови вицепремиери се Никола Тодоров и Никола Попоски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција