Никола Тодоров: Клиничкиот центар во Скопје и Клиничката болница во Штип се во напредна фаза

Никола Тодоров, Министер за здравство | Извор: Канал 5 | Датум: 16.02.2014
nikola_todorov_g1_13
Никола Тодоров, Министер за Здравство | Извор: МИА | Датум: 29.12.2013

[…] Покрај тоа оваа година многу активно и многу напорно работевме на два огромни капитални проекти во здравството – Клиничкиот центар во Скопје и Клиничката болница во Штип. И во едниот и во другиот случај проектите се во многу напредна фаза, говорам за изработка на основните проекти, ревизија и проекти кои се однесуваат во фазите електрика, машинство итн. Очекувам многу скоро да најавиме дека се објавени и тендерите за изградба […]

Образложение:

Првата и втората фаза од проектот за изградба на нов Клинички центар  во Скопје се завршени во август 2013 година. До јануари 2014 година е изработено и завршното идејно решение и на 2 јануари официјално започнаа градежните работи за изградба на клиничкиот центар. Во првите 3 месеци се очекува да биде урната старата зграда на Клиниката за гинекологија, на чие место ќе почне изградбата на зградата во која ќе бидат сместени сите клиники освен Клиниката за инфективни болести, како и Клиниката за детски болести. Изградбата на клиничкиот центар се очекува да трае 3 години и во изградбата се вложени 70 милиони евра.

Што се однесува до ветувањето за изградбата на нов Клинички центар во Штип, истото  за прв пат е споменато во предизборната програма на ВМРО ДПМНЕ во 2006 година, а истото се провлекува во наредните две предизборни програми во 2008 и 2011 година. Во март 2013 година министерот за здравство Никола Тодоров најави дека се очекува реализацијата на проектот да започне кон крајот на 2013 година. Во мај 2013 година од општината Штип беше најавено дека е направен планот за изградба на штипскиот клинички центар. Како и Министерот за Здравство Никола Тодоров така и Премиерот Груевски на 17.11.2013 година во Штип изјави дека во февруари ќе започне изградбата на новата клиничка болница во Штип.

Линкови:

 

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција