Никола Тодоров: Во Македонија за прв пат извршена трансплантација на рожница
Три трансплантации на рожница, првпат во Република Македонија, се извршени во Европската очна болница во Скопје. Во врска со извршените интервенции министерот за здравство Никола Тодоров денеска во просториите на Министерството се сретна со раководството на Европската очна болница. Министерот Тодоров изјави дека Република Македонија се вбројува во една од ретките земји во поширокиот регион каде се изведуваат ваков вид интервенции. Појасни дека за тој тип интервенции досега пациентите од Македонија биле упатувани во Русија и во други европски земји [Датум: 23.11.2013 | Извор: 24 Вести]
Образложение:
Веднаш по изјавата на Министерот за здравство, до медиумите беше испратено демант во кој со докази се наведува дека првата трансплантација на рожница во Македонија е направена уште во 1968 година на Клиниката за очни болести при медицинскиот факултет во Скопје од страна на проф. др. Димитар Миовски. Информациите од лекарската фела во Македонија, исто така ја потврдуваат информацијата која е испратена до медиумите.
Линкови:
- Мактел (24.11.2013): ФОТО: Погледнете ја „првата“ трансплатација на рожница на Тодоров која во Македонија е направена уште во 1968 година! [Пристапено на 25.11.2013]
- CentarNews (24.11.2013): Скандал: Грешка или недоволна информираност на министерот за здравство Никола Тодоров? [Пристапено на 25.11.2013]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар