Никола Тодоров

Никола Тодоров е поранешен министер за образование, актуелен министер за здравство и вицепремиер во Владата на Република Македонија.

 

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Никола Тодоров е роден на 7 јануари 1979 година.

Женет е и татко на две деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

1998-2002 – Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Правен факултет, Скопје, насока: Граѓанско право

Дипломиран правник и положен правосуден испит

1994-1997 – СЕПУ “Васил Антевски Дрен” – правна насока

Го говори и англискиот јазик.

 

КАРИЕРА

септември 2002 приправник на истражен судија во Основен суд Скопје 1 Скопје

од април 2005 година-административен и технички референт, проект за градење на координиран одговор за борба против ХИВ/СИДА поддржан со грант од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, Туберкулоза и Маларија

октомври 2006- октомври 2007, советник – заменик директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ

декември, 2006-јули 2009, Неизвршен директор на АД ГТЦ-Скопје

октомври 2007, Раководител на Центар за катастар на недвижности-Скопје

септември 2008-јули 2009, член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП Водовод и канализација-Скопје

 

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

24 јуни 2016 – Вицепремиер и министер за здравство во Владата на Република Македонија.

јули 2011 – Министер за здравство во Владата на Република Македонија

јули 2009 – јули 2011-Министер за образование и наука во Владата на Република Македонија

јуни 2011-избран за пратеник во Собранието на Република Македонија на предвремените парламентарни избори 2011

 

Бомбите

Никола Тодоров бил инволвиран во изборните нерегуларности од позиција на шеф на Изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, дознаваме од јавно објавените прислушкувани разговори. Досега не е покренато обвинение против него од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

 

ИЗВОРИ

Фејсбук-профил (потврден) на министерот Никола Тодоров

Министерство за здравство: Министер

(30.06.2016) Фактор – Нови вицепремиери се Никола Тодоров и Никола Попоски

Влада на Република Македонија – Никола Тодоров

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција