Никола Тодоров: Бесплатни ПАП тестови од 1 април

Бесплатни ПАП тестови за сите жени во државата. Министерството за здравство од 1 април за почеток ја повикува женската популација на возраст од 24 до 35 години, започнува скринингот за рано откривање на ракот на грлото на матката. Откако ќе биде опфатена оваа возрасна граница потоа покана за ПАП тест ќе добиваат и жените од 36 до 60 години. [Датум: 16.03.2012 | Извор: Канал 5]

Образложение:

Во дел од градовите во Македонија, како што се Кратово, Куманово и Крива Паланка, на 4 април, гинеколозите започна со  испраќање покани до сите жени на возраст од 24 до 35 години, за да се јават на преглед  за бесплатен ПАП тест.

Оваа изјава е полувистина поради тоа што се исполнува со мало задоцнување, и се уште не се спроведува во сите градови во Р. Македонија. Нема информација кога ќе почне да се спроведува на ниво на цела Македонија.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција

1 Реакција
  1. tatjana :

    SEKOJA CEST MINISTRE SAMO NAPRED!!!