Ниту Москва ниту Вашингтон не се нападнати од „еврофашизам“

Фото: Колаж Канва

Ниту Москва ниту Вашингтон не се нападнати од „еврофашизмот“ зашто Европа во моментов става силен акцент на човековите права, основните слободи и заштитата на малцинствата и самата се бори против фашизмот во некои минорни форми што се пројавуваат. Членовите на Европскиот парламент ги охрабруваат националните влади ефективно да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи и сите други фондации и асоцијации кои го глорифицираат нацизмот или фашизмот. На 25.10.2018 година, Европскиот парламент објави дека е загрижен од зголемениот тренд на нормализација на фашизмот, расизмот и ксенофобијата и повика сите земји членки на Европската Унија да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи

Ниту Москва ниту Вашингтон не се нападнати од „еврофашизмот“ зашто Европа во моментов става силен акцент на човековите права, основните слободи и заштитата на малцинствата и самата се бори против фашизмот во некои минорни форми што се пројавуваат. Членовите на Европскиот парламент ги охрабруваат националните влади ефективно да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи и сите други фондации и асоцијации кои го глорифицираат нацизмот или фашизмот. На 25.10.2018 година, Европскиот парламент објави дека е загрижен од зголемениот тренд на нормализација на фашизмот, расизмот и ксенофобијата и повика сите земји членки на Европската Унија да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Еврофашизмот, како и пред 80 години, е заеднички непријател на Москва и Вашингтон.

Пред 80 години стануваше збор за Советскиот Сојуз и тогаш се засили комунизмот во Русија. Во тој период во гулазите (широки системи на присилна работа воспоставени во Советскиот Сојуз од 1929 до 1953 година примарно под водство на Сталин), се воспостави „систем“ на затворање на луѓе обележани како „непријатели на државата“, поточно политички дисиденти што се противеа на политиките на Советскиот Сојуз.

Приближно 18 милиони луѓе поминаа низ гулазите за време на оваа операција, со проценета бројка од 1,6 до 15 милиони смртни случаи кои се резултат на тешките и неподносливи услови во нив. Системот се воспостави од старите практики на Руската империја и значително се прошири после доаѓањето на власт на Сталин, рефлектирајќи ја неговата визија да го индустријализира Советскиот Сојуз преку работната сила на затворениците.

Гулазите (ваквите кампови) честопати беа лоцирани во непроодни и неприкладни региони, како Сибир и Арктик, каде затворениците издржувале на екстремно студени температури во брутални услови за работа. Животот во камповите е карактеризиран со пренатрупаност, недостиг на основни средства, голем ризик од насилство од затворениците и од стражарите. После смртта на Сталин, имаше постепено отфрлање на системот на гулази, кога голем број од затворениците беа ослободени и камповите беа затворени. И покрај тоа што повеќе не постои, системот на гулази е значаен аспект на Советската историја, подвлекувајќи ги тешките реалности на тоталитарното владеење и импактот врз милиони животи што тоа го има.

Советскиот сојуз во минатиот век имаше договор со нацистичка Германија (Молотов-Рибентроп пакт) за поделба на територии во Источна Европа што претставуваше закана за некои држави од Европа. На пример, Советскиот сојуз и Германија заедно ја нападнаа Полска од двете страни и ја поделија меѓу себе. Сè додека Германија не го изигра овој пакт тие беа сојузници.

Фашистичките движења во неколку европски држави добија власт меѓу 1922 и 1945 година (Националфашистичката партија на Мусолини и Националсоцијалистичката работничка партија на Адолф Хитлер) меѓутоа денес, во Европа не постои т.н. „еврофашизам“ кој е закана за Русија и за САД, наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме.

Поточно, сите вредности и залагања на ЕУ и декларативно и во пракса се против фашизмот. ЕУ впрочем го победи фашизмот и се залага за принципи дијаметрално спротивни на фашистичките! Политичката и економска унија од 27 држави се базира на фундаменти што се демократски, со фокус на човековите права и владеењето на правото за сите. Фашизмот пак, спротивно на ова е екстремно десничарска, авторитарна и ултранационалистичка идеологија што се карактеризира со диктаторски лидер, насилно потиснување на опозицијата, верување во „природна општествена хиерархија“ и силен режим на општеството и економијата.

Ниту Москва, ниту Вашингтон не се нападнати од „еврофашизмот“ зашто Европа во моментов става силен акцент на човековите права, основните слободи и заштитата на малцинствата и самата се бори против фашизмот во некои минорни форми што се пројавуваат.Членовите на Европскиот парламент ги охрабруваат националните влади ефективно да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи и сите други фондации и асоцијации кои го глорифицираат нацизмот или фашизмот. Таа има механизми за да ги поддржува овие принципи, како што е Европскиот суд за човекови права. Од друга страна, пак, фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права. На 25.10.2018 година, Европскиот парламент објави дека е загрижен од зголемениот тренд на нормализација на фашизмот, расизмот и ксенофобијата и повика сите земји членки на Европската Унија да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи.

Тоа што за мал број конкретни прашања Москва и актуелната админситрација во САД можеби (и тоа е едно големо „можеби“) и наизглед имаат блиски ставови, тоа не значи дека Европа е непријател на САД и тоа особено кога се знае дека значително мнозинство од европските држави се членки на НАТО алијансата, заедно со САД. Станува збор за најголемата и најважната обранбена алијанса во светот. Тешко дека непријатели би членувале во иста воена алијанса со заеднички командни структури и блиска соработка на сите полиња од одбраната, вклучувајќи и заеднички воени вежби и стандардизирана опрема, муниција и оружје. Да не говориме, пак, за фактот што токму Русија ги прогласи земјите членки на НАТО за непријателски држави со почетокот на руската агресија врз Украина.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција