Ниту НАТО е терористичка организација, ниту нè труе
НАТО не е терористичка организација, како што тоа се сака да се прикаже.туку организација која се бори против тероризмот, којшто е директна закана за безбедноста на граѓаните на сите НАТО членки и на меѓународната стабилност и просперитет. Исто така, не е точно дека некој нè труе, особено не оваа воена алијанса. Теоријата на заговор за кемтрејлс (chemtrails conspiracy theory), односно дека некој нè прска со отрови, не е ништо ново и за неа Вистиномер има пишувано во многу наврати
НАТО не е терористичка организација, како што тоа се сака да се прикаже.туку организација која се бори против тероризмот, којшто е директна закана за безбедноста на граѓаните на сите НАТО членки и на меѓународната стабилност и просперитет. Исто така, не е точно дека некој нè труе, особено не оваа воена алијанса. Теоријата на заговор за кемтрејлс (chemtrails conspiracy theory), односно дека некој нè прска со отрови, не е ништо ново и за неа Вистиномер има пишувано во многу наврати
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
НАТО терористи не трујат. Како ќе не заштити државата.
Слична објава може да се најде и тука.
Тврдењето дека НАТО е терористичка организација која нè труе, изнесено во објавата, не е поткрепено со никакви факти и докази.
На социјалните мрежи години наназад се води пропаганда против НАТО и се сатанизира оваа организација без аргументи. Ова особено се интензивираше откако НАТО ја осуди руската брутална и неиспровоцирана воена агресија кон Украина, која е независна и демократска држава и близок НАТО партнер. Ваквите наративи вообичаено ги пласираат поддржувачи на Русија и на политиките на Кремљ, каков што е случајот со објавата што ја анализираме.
НАТО не е терористичка организација, како што тоа се сака да се прикаже. Напротив, НАТО е организација која се бори против тероризмот, којшто е директна закана за безбедноста на граѓаните на сите НАТО членки и на меѓународната стабилност и просперитет.
Глобален проблем кој не познава граници, националност или религија, тероризмот е предизвик против кој меѓународната заедница мора да се бори заеднички. НАТО ќе продолжи да се бори против оваа закана со одлучност и со целосна солидарност. Работата на НАТО во борбата против тероризмот се фокусира на подобрување на свесноста за заканата, развивање на можности за подготовка и одговор и подобрување на соработката со партнерските држави и други интернационални актeри, стои на сајтот на НАТО.
Во седиштето на НАТО има формирано разузнавачка единица за борба против тероризмот. Специјалниот координатор против тероризам на Генералниот секретар на НАТО служи како главна координативна точка на работата на НАТО за борба против тероризмот и е гарант дека одговорот на НАТО против тероризмот останува силен, ефективен и кохерентен.
НАТО ја активираше својата одбранбена клаузула (член 5) како одговор на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година во САД. Политиките на НАТО за борба против тероризмот се фокусира на свесност, можности и вклученост. Анти терористичката работа на НАТО се фокусира на одбрана, превенција на кризи и колективна безбендност.
Освен што НАТО не е терористичка организација, не е точно ниту дека некој не труе, особено не оваа воена алијанса.
Теоријата на заговор за кемтрејлс (chemtrails conspiracy theory), односно дека некој нè прска со отрови, не е ништо ново и за неа Вистиномер има пишувано во многу наврати. Но, таа упорно и понатаму се шири на социјалните мрежи без никакви докази за тврдењата. Toa е случај и во оваа објава.
Во врска со оваа тема „Форбс“ објави студија, според која панел од 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и да се влијае на атмосферата.
Оваа теорија на заговор е актуелна од појавата на интернетот. Уште може да пронајдете бројни интернет страници, кои го промовираат овој вид на псевдонаука. Нашето истражување покажа дека научната заедница не се согласува со тврдењата оти владата, армијата, авиокомпаниите и други субјекти се здружиле во широка мисија да ја отрујат планетата со прскање преку авиони, вели Стивен Дејвис, професор и научник од универзитетот Ирвин во Калифорнија.
Според ова истражување, причината поради која трагите од авионите остануваат видливи е зашто тие летаат на поголеми височини отколку порано, што резултира со кондензациски траги, кои траат подолго време. Тоа што трагите од авионите се вкрстуваат е само и единствено доказ дека има зголемена фреквентност на авиосообраќајот, односно дека има многу повеќе авиони, кои учествуваат во авиосообраќајот, што е и примарната причина некои од нив да мораат да летаат и на поголеми височини.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар